Активности

Понеделник, 24 февруари 2020

Собраниска делегација на 14. Парламентарно собрание на Медитеранот   

Во рамките на редовната годишна конференцијата на Парламентарното собрание на Медитеранот (ПСМ), што се одржа во Атина, Република Грција, свое учество имаше и Парламентарната делегација на ПСМ на Собранието на Република Северна Македонија, во состав: Емил Димитриев, шеф на Делегацијата и членовите на Делегацијата: Чедомир Саздовски, Владанка Авировиќ и Хари Локвенец.

На оваа редовна годишна конференција на ПСМ беше презентирана работата и годишните активности на сите три постојани комитети на ПСМ, при што беа усогласени и донесени сите резолуции кои беа предложени од страна на комитетите. Имено, темите и прашањата кои се разгледуваа и усвоија во предложените резолуции, беа од областа на политичката и безбедносна стабилност во МЕНА-регионот, заканите и справување со тероризмот во Евромедитеранскиот регион, финансискиот развој и економската стабилност и раст во Евромедитеранскиот регион, зајакнување на акциите кон заштита од климатските промени, заштита на човековите права и миграциските движења во регионите зафатени со војна, како и прашањата околу заштита на бегалците опфатени со воените дејствија во регионот.

На конференцијата свои обраќања имаа претседателот на Парламентот на Република Грција, Констанин Тасулас; претседателката на ПСМ, Алие Буран; министерот за рурален развој на Република Грција, Мавроудис Воридис; како и претставници од Светската здравствена организација и координатори на повеќе центри на ООН во рамките на физичките и климатските промени, здравство, храна и рурален развој, итн.

Во рамките на работата на 3. Постојан комитет на тема „Дијалог меѓу цивилизациите и човекови права“, свои обраќања имаа и Дора Бакојани како пратеник во Грчкиот парламент и Евангелос Венизелос, поранешен вице-премиер на Република Грција.

Конференцијата заврши со вообичаеното доделување на награди на ПСМ и со завршните заклучоци на претседателката на ПСМ, сенаторката од Јордан, Алие Буран.