Активности

Петок, 6 март 2020

Средба на претседателот Џафери со претседателката на Собранието на Република Косово, Вјоса Османи

Претседателот на Собранието на Република Северна Македонија, Талат Џафери, денеска оствари средба со неговиот хомолог во Република Косово, претседателката на Собранието, д-р Вјоса Османи. Во оваа пригода, претседателот Џафери ѝ честиташе на преземањето на новата должност на г-ѓа Османи, посакувајќи ѝ при тоа вршењето на новата должност, која е исклучително значајна, предизвикувачка и изискува безрезервна посветеност, сепак да ѝ причинува чест и задоволство, и секој постигнат успех, да ја охрабрува за надминување на следните предизвици.

Средбата на двајцата претседатели беше во рамките на Програмата по повод 22-годишнината од Епопејата на ОВК.

Click