Четврток, 21 март 2019 година
Средба на претседателот Џафери со претседателот на Шкотскиот Парламент, г. Кен Мекинтош
Претседателот на Собранието на Република Северна Македонија, г. Талат Џафери, претседателката на Комисијата за финансирање и буџет, г-ѓа Лилјана Кузмановска, Генералниот секретар на Собранието, г-ѓа Цветанка Иванова и претставници од службата на Собранието за време на студиската посета организирана од Вестминстер Фондацијата за Демократија во Единбург, Шкотска а во рамките на потпишаниот Меморандум за соработка за воспоставување на буџетска парламентарна канцеларија во Собранието на Република Северна Македонија остварија работна средба и со претседателот на Шкотскиот Парламент, г. Кен Мекинтош.