Комисијата за европски прашања даде зелено светло за eвроaт...

Среда, 20 јуни 2018 година

Комисијата за европски прашања даде зелено светло за eвроaтланска Македонија

Комисијата за европски прашања вчера го разгледа и со 10 гласови „за“, без ниту еден „против“ и ниту еден „воздржан“, му предложи на Собранието на Република Македонија да го донесе Предлог-законот за ратификација на Конечната спогодба за решавање на разликите опишани во резолуциите на Советот за безбедност на Обединетите нации 817 (1993) и 845 ( 1993), за престанување на важноста на Привремената спогодба од 1995 година и за воспоставување на стратешко партнерство помеѓу страните.

Прочитај повеќе

Средба на Собраниска делегација со коизвестители на Монитор...

Понеделник, 18 јуни 2018 година

Средба на Собраниска делегација со коизвестители на Мониторинг комисијата на ПССЕ

Шефот на Делегацијата на Собранието на Република Македонија во Парламентарното собрание на Советот на Европа (ПССЕ), г. Бетиан Китев и членовите: г-ѓа Шпреса Хадри и г. Африм Гаши, остварија средба со коизвестителите на Мониторинг комисијата на ПССЕ: г-ѓа Лисе Кристоферсен и г. Валериу Гилечи.

Прочитај повеќе

Собраниска делегација на Интерпарламентарна конференција во...

Понеделник, 18 јуни 2018 година

Собраниска делегација на Интерпарламентарна конференција во Прага

Во организација на Европскиот парламент, а во соработка со Претставничкиот дом на Чешка Република, на 15 јуни 2018 година, во Прага, се одржа Интерпарламентарна конференција со наслов: „Почитување на слободата на изразувањето, вклучувајќи ја и слободата на медиумите, во ЕУ и пошироко“.

Прочитај повеќе

Надзорна посета на Комисијата за надзор над работата на Упр...

Четврток, 14 јуни 2018 година

Надзорна посета на Комисијата за надзор над работата на Управата за безбедност и контраразузнавање и на Агенцијата за разузнавање

Во рамките на своите надлежности, претседателот и членовите на Комисијата за надзор над работата на Управата за безбедност и контраразузнавање и на Агенцијата за разузнавање, од 12 до 14 јуни 2018 година спроведоа надзорна посета во седиштето на Управата за безбедност и контраразузнавање во Министерството за внатрешни работи. 

Прочитај повеќе

Повеќе информации за законодавната власт за слепите и слабо...

Четврток, 14 јуни 2018 година

Повеќе информации за законодавната власт за слепите и слабовидните лица 

Парламентарниот институт на Собранието на Република Македонија, во соработка со Националниот сојуз на слепите, организираше тркалезна маса, на која со претставници на здруженијата на слепи и слабовидни лица од повеќе градови од Република Македонија, беа споделени информативните материјали за Собранието на Брајово писмо.

Прочитај повеќе

Проштална средба на амбасадорот на Република Полска во Репу...

Среда, 13 јуни 2018 година

Проштална средба на амбасадорот на Република Полска во Република Македонија, г. Јацек Мултановски, со претседателот на Собранието на Република Македонија, г. Талат Џафери  

Денеска, претседателот на Собранието на  Република Македонија, г. Талат Џафери, го прими на проштална посета досегашниот амбасадор на Република Полска во Република Македонија, г. Јацек Мултановски.

Прочитај повеќе

Собраниска делегација во посета на германскиот Бундестаг за...

Вторник, 12 јуни 2018 година

Собраниска делегација во посета на германскиот Бундестаг за прибирање искуство во застапување на политиките поврзани со заштита на животната средина и урбанта мобилност

Од 6 до 9 јуни оваа година пратениците: г-ѓа Лилјана Затуроска, г-ѓа Маја Морачанин и г. Хари Локвенец присуствуваа во Берлин при што беа примени во германскиот Бундестаг и Бундесрат. 
Прочитај повеќе

Петта седница на Постојаната анкетна комисија за заштита на...

Вторник, 12 јуни 2018 година

Петта седница на Постојаната анкетна комисија за заштита на слободите и правата на граѓанинот

Постојаната анкетна комисија за заштита на слободите и правата на граѓанинот на Собранието на Република Македонија, на денешната 5. седница, ја разгледа следната точка: Усвојување на заклучоци од Четвртата седница на Постојаната анкетна комисија за заштита на слободите и правата на граѓанинот на Собранието на Република Македонија, одржана на 8 мај 2018 година.

Прочитај повеќе

Собраниска делегација на работилница во организација на Меѓ...

Понеделник, 11 јуни 2018 година, Виена

Собраниска делегација на работилница во организација на Меѓународниот монетарен фонд

На работилницата се дискутира за повеќе економски области меѓу кои улогата и функциите на Меѓународниот монетарен фонд, улогата на парламентите во преземањето мерки за борба против корупцијата, значењето на парламентарните буџетски канцеларии во насока на подобрување на парламентарната буџетска контрола, макроекономските и финансиски реформи, предизвиците со кои се соочува банкарскиот сектор во земјите од Западен Балкан и улогата на парламентите во преземање на потребните реформски мерки за зајакнување на овој сектор.
Прочитај повеќе

ЧЕТВРТА РЕГИОНАЛНА КОНФЕРЕНЦИЈА НА ПАРЛАМЕНТАРНИТЕ ИСТРАЖУВ...

Петок, 8 јуни 2018 година

ЧЕТВРТА РЕГИОНАЛНА КОНФЕРЕНЦИЈА НА ПАРЛАМЕНТАРНИТЕ ИСТРАЖУВАЧКИ СЛУЖБИ

Денеска, Парламентарниот институт е домаќин на четвртата регионална конференција на истражувачките центри во парламентите со работен наслов „Улогата на парламентот во поттикнувањето на граѓанското учество“.
Прочитај повеќе
1...727374...117                                                                                                                      
Click