Средба на претседателот Џафери со донаторите во Собрание...

Петок, 8 јуни 2018 година

Средба на претседателот Џафери со донаторите во Собрание

На Донаторската координација покрај него, беа присутни потпретседателите на Собранието на Република Македонија, г-ѓа Фросина Ташевска-Ременски, г. Горан Мисоски, г. Весел Мемеди и Генералниот секретар, г-ѓа Цветанка Иванова.

Прочитај повеќе

Деветнаесетта седница на Комисијата за транспорт, врски и е...

Петок, 8 јуни 2018 година

Деветнаесетта седница на Комисијата за транспорт, врски и екологија  

Комисијата за транспорт, врски и екологија на Собранието на Република Македонија, на 19. седница одржана на 4. јуни 2018 година, како матично работно тело, ги разгледа:

Прочитај повеќе

Самит на жени политички лидери...

Петок, 8 јуни 2018 година, Вилнус, Литванија

Самит на жени политички лидери

Во рамките на Самитот на жени политички лидери, што годинава се одржува во Вилнус, Литванија, учествуваше и Делегација на Собранието на Република Македонија, составена од пратеничките: Ѓулумсер Касапи, Ирена Стефоска, Лилјана Кузмановска и Мирсада Емини-Асани.

На Самитот учествуваа претставници и членови на делегации од околу 80 земји, со повеќе од 400 претставници. Главната порака и агенда на повеќето теми кои се дискутираа на овој Самит, беше лидерството на жените политичарки кои го менуваат светот.

Прочитај повеќе

Работна средба на Клубот на пратенички за родово одговорно ...

Четврток, 7 јуни 2018 година

Работна средба на Клубот на пратенички за родово одговорно креирање на политики и буџетирање 

Клубот на пратенички, во соработка со UN Women и Министерството за труд и социјална политика, одржа трета тематска работна средба под наслов „Родово одговорно креирање на политики и буџети“. 

Прочитај повеќе

Средба на Комитетот за односи меѓу заедниците со г. Џарлат ...

Четврток, 7 јуни 2018 година            

Средба на Комитетот за односи меѓу заедниците со г. Џарлат Керни, експерт од Велика Британија

Комитетот за односи меѓу заедниците на барање на Агенцијата за остварување на правата на заедниците, a во рамките на експертската мисија поддржана од TAEX - инструментот на ЕУ, вчера одржа средба со г. Џарлат Керни, експерт од Велика Британија, член на Комисијата за еднаквост на Северна Ирска. 

Прочитај повеќе

Потпишан третиот по ред Меморандум за разбирање ...

Вторник, 5 јуни 2018 година

Потпишан третиот по ред Меморандум за разбирање 

Генералната секретарка на Собранието на Република Македонија, Цветанка Иванова и директорот на Центарот за европски безбедносни студии (CESS), г. Меријн Хартог, во присуство на абмасадорот на Кралството Холандија, Н.Е. Ваутер Пломп, го потпишаа третиот по ред Меморандум за разбирање. 

Прочитај повеќе

Надзорна расправа на Комисијата за култура за управување со...

Вторник, 5 јуни 2018 година

Надзорна расправа на Комисијата за култура за управување со светското природно и културно наследство во Охридскиот регион

Комисијата за култура на Собранието на Република Македонија денеска го одржа првото продолжение на надзорната расправа која се однесува на Законот за управување со светското природно и културно наследство во Охридскиот регион и сродната регулатива, во контекст на Конвенцијата на УНЕСКО.

Прочитај повеќе

Средба на Комисијата за финансирање и буџет 5.6.18...

Вторник, 5 јуни 2018 година

Средба на Комисијата за финансирање и буџет со претставници на Државниот завод за ревизија и експерти во областа на ревизијата од земји членки на Европската Унија

Претседателката на Комисијата за финансирање и буџет на Собранието на Република Македонија, г-ѓа Лилјана Кузмановска и членовите г. Реџаиљ Исмаили, г. Панче Иванов, г-ѓа Кети Смилеска, г. Неџбедин Каремани и г. Зоран Илиоски, одржаа средба со заменикот на главниот државен ревизор, г. Насер Адеми, претставници од Државниот завод за ревизија на Република Македонија, претставник на Делегацијата на Европската Унија, претставници од Државниот завод за ревизија на Република Хрватска и г. Дитмар Варих од Државниот заавод за ревизија на Република Германија. 

Прочитај повеќе

Словачкото претседателство со ОБСЕ со отворена поддршка за ...

Понеделник, 4 јуни 2018 година

Словачкото претседателство со ОБСЕ со отворена поддршка за Република Македонија 

Делегација на Собранието на Република Македонија во Парламентарното собрание на Организацијата за безбедност и соработка во Европа (ПС ОБСЕ), во состав г-ѓа Јагода Шахпаска, г-ѓа Весна Дамчевска-Илиевска и г. Реџаиљ Исмаили, оствари средба со Н.Е. Роберт Кирнаг, амбасадор на Словачката Република одговорен за подготовките на Словачкото претседателство со ОБСЕ во 2019 година.

Прочитај повеќе

Обраќање на претседателот Џафери на основањето и промовирањ...

Понеделник, 4 јуни 2018 година

Обраќање на претседателот Џафери на основањето и промовирањето на Интерпартиската парламентарна група за правата на Ромите во Република Македонија

Ми претставува чест и задоволство што денеска присуствувам на основањето и промовирањето на Интерпартиската парламентарна група за правата на Ромите во Република Македонија. Ваквите интерпартиски групи не се новина во Собранието на Република Македонија, меѓутоа се доказ дека сите ние, како пратеници во овој законодавен дом, созреваме и се издигнуваме над партиските интереси и без оглед на политичката провиниенција од која доаѓаме, се здружуваме, соработуваме и правиме нешто што е за општото добро, а во овој случај, за доброто на нашите граѓани од ромската етничка заедница. 
Прочитај повеќе
1...737475...117                                                                                                                      
Click