Средбата на претседателот Џафери со Омбудсманот на Републик...

Среда, 30 мај 2018 година

Средбата на претседателот Џафери со Омбудсманот на Република Турција, г. Шереф Малкоч   

Денешната средба на претседателот на Собранието на Република Македонија, г. Талат Џафери со Омбудсманот на Република Турција, г. Шереф Малкоч, помина во срдечна и пријателска атмосфера каде што двајцата соговорници разменија мислења околу повеќе сфери на заемната соработка меѓу двете земји. На средбата присуствуваше пратеникот и претседател на парламентарната група за пријателство со Република Турција, г. Енес Ибрахим. 

Прочитај повеќе

Средба на Собраниска делегација со украинскиот заменик-мини...

Среда, 30 мај 2018 година, Киев

Средба на Собраниска делегација со украинскиот заменик-министер за надворешни работи, г. Василиј Боднар  

Во рамките на дводневната возвратна посета на Украина, Делегацијата на Пратеничката група на Собранието на Република Македонија за соработка со Парламентот на Украина, во состав: г. Јован Митрески, претседател на Пратеничката група за соработка, г-ѓа Весна Пемова и г. Ејуп Алими, членови на Групата, денеска оствари средба со г. Василиј Боднар, заменик-министер за надворешни работи на Украина.

Прочитај повеќе

Обраќање на претседателот Џафери по повод Свеченото одбележ...

Среда, 30 мај 2018 година

Обраќање на претседателот Џафери по повод Свеченото одбележување на 20 години Народен правобранител на Република Македонија 

Човековите права и слободи се принципи и стандарди врз кои се гради сегашноста, а јас мислам и иднината на човековата цивилизација. Токму затоа, во секое демократско општество, во секоја демократска држава во која имаме владеење на правото, овие права се штитат и се надградуваат. 
Прочитај повеќе

Македонија и Украина споделуваат цврста одлучност да станат...

Вторник, 29 мај 2018 година, Киев 

Македонија и Украина споделуваат цврста одлучност да станат дел од ЕУ и НАТО

Делегација на Собранието на Република Македонија, во состав: г. Јован Митрески, претседател на Пратеничката група на Собранието на Република Македонија за соработка со Парламентот на Украина; г-ѓа Весна Пемова и г. Ејуп Алими, членови на Групата, престојуваат на возвратна посета на Украина, на покана од г. Андриј Шињкович, претседател на Пратеничката група на Врховната Рада на Украина за меѓупарламентарни односи со Република Македонија. 

Прочитај повеќе

Собраниска делегација на ПС НА НАТО во Варшава 29.5.18...

Вторник, 29 мај 2018 година

Собраниска делегација на ПС НА НАТО во Варшава

Пратениците Катерина Кузмановска, член и Африм Гаши, заменик-член на Делегацијата од Собранието на Република Македонија во Парламентарното собрание на НАТО, учествуваа на  пролетната сесија на Парламентарното собрание на НАТО, која се одржа од 25 до 28 мај 2018 година во Варшава, Република Полска.

Прочитај повеќе

Обраќање на претседателот Џафери на настанот „Градење совре...

Вторник, 29 мај 2018 година

Обраќање на претседателот Џафери на настанот „Градење современ, професионален и претставнички Парламент“

На самиот почеток, дозволете ми да од име на Собранието на Република Македонија, да им посакам добредојде и пријатен престој во Македонија на нашите пријатели кои доаѓаат од повеќе држави. Убеден сум дека на оваа наша работна средба, ќе размениме пред сè искуства и идеи кои ќе бидат во функција на јакнење на парламентаризмот во нашите држави.
Прочитај повеќе

Обраќање на претседателот Џафери на тема „Борба против наси...

Понеделник, 28 мај 2018, Тирана 

Обраќање на претседателот Џафери на тема „Борба против насилниот екстремизам: Враќање на странските терористички борци“

Процесите на глобализација, покрај многуте бенефити, носат и најразлични предизвици кои го загрозуваат пред сè светскиот мир. Станува збор за екстремни форми на радикализам кој најчесто се крие зад погрешно или извитоперено објаснување на одредена религија, а се манифестира преку тероризмот.
Прочитај повеќе

Учество на Собраниска делегација на ИПУ семинар во Белград...

Понеделник, 28 мај 2018 година

Учество на Собраниска делегација на ИПУ семинар во Белград

Делегација од Собранието на Република Македонија во состав: г. Илија Николовски и г. Иван Стоиљковиќ, учествуваа на Регионалниот семинар за Одржливите развојни цели, за парламентите од источна и централна Европа, во организација на Народното Собрание на Република Србија и Интерпарламентрната унија. Семинарот се  оддржа во Белград на 24 и 25 мај, 2018 година.

Прочитај повеќе

Обраќање на претседателот Џафери на 15. Средба на Југоисточ...

Сабота, 26 мај 2018, Тирана 

Обраќање на претседателот Џафери на 15. Средба на Југоисточна Европа на Првата сесија 

Дозволете најпрво да изразам искрено задоволство за организирање на ваков величествен собир. Средбите на Утринските молитви се инспиративна традиција која ги пренесува вредностите на вера, мир и љубов, и токму овие се суштинските вредности кои се потребни на човештвото за да се справи успешно со глобалните предизвици на 21-виот век.
Прочитај повеќе

Други средби на претседателот Џафери на официјалната посета...

Петок, 25 мај 2018 година

Други средби на претседателот Џафери на официјалната посета на Република Србија

Официјалната посета во Република Србија на претседателот на Собранието на Република Македонија, г. Талат Џафери и членовите на Пратеничката група за соработка со Собранието на Република Србија, продолжи според однапред предвидената програма и согласно истата беа остварени уште неколку други средби. 

Прочитај повеќе
1...747576...117                                                                                                                      
Click