Активности

Понеделник, 29 март 2021 година

Честитка од претседателот Џафери за една година од нашето полноправното членство во НАТО

Почитувани граѓани,
Дoзволете денес, кога одбележуваме една година од нашето полноправно членство во Северно - атлантската договорна организација - НАТО, да изразам искрени честитки до Вас, до институциите на Република Северна Македонија, до сите минати влади и политички чинители, и секако, до актуелните политички гарнитури, без оглед дали се од власта или опозицијата, бидејќи секој од нив, во својот домен, ја даде својата поддршка и имаше удел во статусот што го имаме и уживаме денес, односно 30-та земја членка на најмоќниот воено-политички сојуз, безбеден чадор и чувар на безбедноста на нашите граѓани и на територијалниот интегритет на Република Северна Македонија. Јас ја имав честа на 11 февруари 2020 година да ја водам свечената 133. пленарна седница по повод ратификацијата на Договорот и како што реков тогаш, ќе повторам и сега, „За нас, ова е историски ден!“ и, навистина, исправноста на таа одлука се потврди за време на оваа година а сигурно ќе се зацврсти уште повеќе во годините што следат. Раката на поддршка и пријателство што ја пружија земјите членки на НАТО, нашите сојузници, беше од огромна корист за нашиот здравствен систем и справувањето со последиците од пандемиската криза. Убедени сме дека таа поддршка ќе биде сигурен наслон во идните предизвици што следат затоа што, тоа е мотото на НАТО, сите за еден и еден за сите! Ние сме подготвени да го дадеме својот придонес и удел во колективната безбедност и сигурност на семејството на НАТО. 

“Ние сме подготвени за иднината - Северна Македонија во НАТО 2030”

 

Веб-страницата на Собранието користи колачиња (cookies).

Колачињата се користат за подобрување на Вашето корисничко искуство.