Активности

Недела, 22 ноември 2020 година

ДОДЕЛУВАЊЕ НА ДРЖАВНАТА НАГРАДА „22 НОЕМВРИ“

Денес, во Собранието на Република Северна Македонија, во Кристална сала, Одборот за доделување на државната награда „22 Ноември“ ја додели државната награда „22 Ноември“ за 2020 година за признание на луѓе од политичкиот, културниот и општествениот живот во Република Северна Македонија, кои дале свој придонес во унапредување на меѓучовечкиот соживот и меѓусебното разбирање меѓу припадниците на различните заедници, култури и вери во Република Северна Македонија.

 

Оваа година, со Одлука на Одборот, добитници на наградата се проф. д-р Џеват Лоши, албанолог и академик Али Алиу, книжевен критичар. На доделувањето беа присутни претседателот на Собранието на Република Северна Македонија, Талат Џафери, претседателот на Демократската унија за интеграција, Али Ахмети, првиот вицепремиер Артан Груби, министерката за култура, Ирена Стефоска, како и други претставници од Владата на Република Северна Македонија, пратеници и други видни личности од општествениот и културниот живот во земјата. 

Click