Активности

Вторник, 14 септември 2021

Дваесет и трета седница на Комисијата за одбрана и безбедност

Комисијата за одбрана и безбедност на Собранието на денешната 23. седница, како матично работно тело, ги разгледа:

  1. Предлог-одлуката за испраќање на припадници на Армијата на Република Северна Македонија за учество во меѓународната операција на Европската Унија „EUTM RCA“ во Централноафриканската Република;
  2. Предлог-одлуката за испраќање на припадници на Армијата на Република Северна Македонија за учество во  меѓународната операција на Организацијата на обединетите нации „УНИФИЛ“, Република Либан.

На седницата, во својство на претставник на Владата, присуствуваше Башким Хасани, заменик-министер за одбрана, кој информираше дека станува збор за испраќање по двајца припадници на Армијата во овие меѓународни операции, за период од шест месеци, сметано од декември 2021 година до јуни 2022 година.

Комисијата за одбрана и безбедност ги проследи двете Предлог-одлуки на натамошна постапка во Собранието. 

 

Веб-страницата на Собранието користи колачиња (cookies).

Колачињата се користат за подобрување на Вашето корисничко искуство.