Активности

Вторник, 17 ноември 2020

Комисијата за култура со подготовка на предлог-програма за одбележување јубилејни годишнини

Комисијата за култура на денешната седница ја започна постапката за подготовка на предлог-програма за одбележување јубилејни годишнини на значајни настани и истакнати личности за 2021 година.

Комисијата ќе испрати допис до сите релевантни институции во државата од областа на културата со барање да достават нивни предлози за одбележување јубилејни годишнини во 2021 година. Краен рок за доставување на предлозите до Комисијата за култура е 17 декември 2020 година.

Согласно надлежностите, Комисијата формираше работна група што ќе ги разгледа добиените предлози од аспект на тоа дали ги исполнуваат пропишаните критериуми и ќе подготви предлог-програма за 2021 година.

Click