Активности

Сабота, 21 ноември 2020 година, Институт за духовно и културно наследство на Албанците

Поздравно обраќање на претседателот Џафери на Научната академија по повод Научно-културната манифестација „Деновите на Азбуката - II“

Почитуван заменик-министер за образование и наука, г. Шабани,
Почитуван директор на Институтот за Духовно и културно наследство на Албанците, г.  Асани, 
Почитуван директор на Агенцијата за примена на јазикот, г. Села,
Почитуван директор на Институтот за албанолошки и протестантски студии, г. Хосафлок,
Почитувани амбасадори,
Дами и господа,

Имам чест во мое лично име и од име на пратениците во Собранието на Република Северна Македонија да изразам моја искрена почит и честитки по повод 22 Ноември, 112-годишнината од Битолскиот конгрес каде и се унифицираше албанската азбука и што се одбележува како признаен национален празник на Албанците во Северна Македонија.     

Истовремено, сакам да му честитам и на Институтот за Духовно и културно наследство на Албанците за продолжувањето на традицијата на организирање на оваа манифестација каде се искажува чест и почит кон личностите и придонесот на Албанците низ векови во разните области на општествениот живот. Драго ми е што Манифестацијата започнува со омаж за Ѓерасим Ќириази и завршува со промоција на книга за Парашќеви Ќириази и, не можеше да биде поинаку. Затоа што, тие двајца, се разбира и многу други интелектуалци од сите страни на светот каде што дишат Албанците, се собраа на Битолскиот конгрес кој по составот и по прашањата што ги дискутираше и ги реши, се смета за најзначајното национално собрание во политичката и културната историја на Албанците. После неуморна девет дневна работа, излегоа со најскапоцениот производ за еден народ - унифицирана Азбука, со која ќе се продолжи да се пишува, чита и шири јазикот, културата, обичаите, посебностите и пишаната и испеана фолклорна традиција, која дотогаш се проследуваше со странски букви на странски јазици. Меѓутоа, тоа што е најзначајно, азбуката со која се роди и го започна своето патешествие националната борба за културно осамостојување на светско рамниште, беше силна поддршка за националниот идентитет и за политичката независност на Албанскиот народ. Тоа патешествие помина низ многу предизвици, тешкотии, оспорувања и потценувања, меѓутоа, ова не го сопре одѕвонувањето на срцепарателните песни на Неџмије Пагаруша, Ханифе Сејфула Речани и многу други истакнати албански солисти. Ова не ги спречи ниту истакнатите научници албанолози и писатели, ниту го сопре перото на светски познатите албанските писатели, почитуваните Исмаил Кадаре, Луан Старова и други. Напротив, беше јазикот на автентичното преведување на нивните величествени дела со кои се зголеми и се рашири албанската книжевна вредност. И, не само книжевната.  Вредностите и доблестите, хуманоста и солидарноста, емпатијата и разбирањето не беа непознати ниту за Светата Мајка Тереза, - ќерката на нашиот свет и мајка на целиот свет, како што прекрасно ја опишале од Институтот за духовно и културно наследство на Албанците и што не прави горди на светско ниво.

Почитувани присутни,

Секој временски период ги бие своите битки, и ги слави големите или малите битки, кои се само едно мало каменче во зацврстувањето на темелот на чувањето, развојот меѓутоа и ажурирањето на јазикот кој е жива материја и кој може и да потпадне под влијание на интернационализмите и незапирливиот и сеопфатен напредок на технологијата.   Меѓутоа, треба да бидеме будни, секој во својот дел на делување. Тука, пред сѐ мислам на себе и на другите претставници на политичкиот дијапазон кои актуелно сме или во иднина ќе бидат дел од законодавната власт и кои можеме да ја менуваме, дополнуваме и подобруваме законската основа за чување на стандардниот јазик. Тука мислам на институциите кои се основани за вршење надзор и за давање помош или за казнување на институциите кои не го спроведуваат Законот за употреба на јазиците така како што е донесен. Меѓутоа, тука мислам и на пишаните и електронски медиуми, на административните работници, просветните работници, за со својот пример да придонесат во растот на новите генерации кои ќе го сакаат, ќе го чуваат, почитуваат и говорат стандардниот албански јазик. И, се разбира, Академиите на науките и уметностите. Вие сте институциите каде е собран интелектуалниот потенцијал на секоја држава и имате можност да соработувате, да разменувате искуства и да давате пример за тоа како взаемната почит и искрената соработка можат да произведат само вредности кои ќе бидат во прилог на нашите граѓани, нашите држави и на регионот во целост.   

Почитувани присутни,

Дозволете во оваа прилика да им честитам и на добитниците на Државната награда „22 Ноември“, почитуваниот Проф. Д-р Џеват Лоши и академик Али Алиу, книжевен критичар, за нивниот неуморен придонес во студирањето на албанскиот јазик и богатото книжевно творештво.

Почитувани, посакувам да славиме уште многу годишнини во иднина, во многу поповолни здравствени услови кои ќе дозволат одбележување во многу поголемо присуство.

Дотогаш, Ви посакувам да бидете здрави и Ви благодарам на вниманието!

Click