Вторник, 3 ноември 2020 година
Пратениците Талевски и Николовски на средба со британската амбасадорка Галовеј
Претседателот на Комисијата за одбрана и безбедност, Миле Талевски заедно со заменик-претседателот Илија Николовски, денеска во Собранието остварија одлична и конструктивна средба со амбасадорката на Кралството Велика Британија, Рејчел Галовеј.
На средбата пратениците ја информираа и запозна амбасадорката Галовеј со работењето, идните планови и цели на дејствување на Комисијата. Исто така стана збор и за продлабочување на меѓупарламентарната соработка на пратениците од двете држави. ![](content/2020 sl/Talevski-Galovej 2.jpg)
Соговорниците разменија информација како рамноправни партнери, односно земји членки на НАТО, за подршката на Aрмијата на Велика Британија во делот на пренесување на искуство и знаење од Британија на Aрмијата на Република Северна Македонија.