Активности

Среда, 13 јануари 2021 година

Пратеникот Велјановски оствари средба со словенечкиот амбасадор Предан

Претседателот на Пратеничката група на Собранието на Република Северна Македонија за соработка со Парламентот на Република Словенија, Александар Велјановски, денеска, оствари средба со словенечкиот амбасадор, Н.Е. Милан Предан.

Велјановски, како претседател на Групата, изрази задоволство од средбата, можноста соговорниците да разговараат за актуелните прашања и продлабочувањето на соработката меѓу двете пријателски земји во иднина.

Амбасадорот Предан упати честитка за именувањето на Велјановски за претседател на Групата, воедно потсети и на претходните интензивни средби помеѓу двете земји и важноста на овие односи за нашата земја. Очекувајќи уште поголем интензитет во втората половина од годината, поради преземањето на претседателстото со ЕУ од страна на Словенија на 1 јули 2021 година, каде Западен Балкан ќе биде еден од приоритетите.

Предан истакна задоволство што дипломатијата на државата не е пасивна туку проактивна и напорите нерешениете односи да се средат, но за тоа битна е волјата на двете страни. Словенија секогаш била сојузник со искрена поддршка и добри пријателски односи на државата.

Велјановски посочи дека ангажманот и мотивот на Словенија да ѝ се помогне на нашата земја за членство во ЕУ, претставува силен мотив на Собранието и Владата да работат попосветено на евроинтегративниот пат. Искуството на Словенија во зачленувањето на ЕУ е големо и многу важно за нас како земја аспирант за ЕУ, а добивањето на датум за отпочнување на преговорите ќе биде силен сигнал за народот дека заслужува да биде дел од ова семејство.

Соговорниците разменија мислења и во однос на работата на Парламентите во време на Ковид-19 пандемијата, предизвиците со кои се соочуваат земјите, вакцинацијата, чинот на солидарноста, како и можностите за продлабочување на економската соработка. 

На крајот од средбата произлезе иницијатива за онлајн средба и запознавање на Пратеничките групи, кои би ја утврдиле идната агенда за соработка во интерес на Парламентите.

Click