Активности

Четврток, 29 април 2021 година

Презентација на парламентарни стандарди за однесување и етика во парламентите на Република Северна Македонија, Грузија и Албанија 

Комисијата за деловнички и мандатно-имунитетни прашања во соработка со Мисијата на ОБСЕ во Скопје, ОДИХР и НДИ преку Програмата за Парламентарна Поддршка, вчера, организираше онлајн работилница за размена на искуства и најдобри практики од областа на парламентарни стандарди за однесување и етика со претставници на парламентите на Грузија и Албанија. 

На работилницата учествуваа членови и заменици на членовите на Комисијата за деловнички и мандатно-имунитетни прашања, како и претставници на стручната служба на Собранието на Република Северна Македонија кои со претставниците од парламентите на Грузија и Албанија дискутираа за правната рамка која ги регулира парламентарните стандарди за однесување и етика, најважните аспекти содржани во Кодексите за етичко однесување, механизмите за спроведување на одредбите од Кодексите за етичко однесување и предизвиците и пречките при имплементацијата. На работилницата се дискутираше и за едукацијата, обуките и активностите за подигнување на свеста како важни предиспозиции за постигнување на високи стандарди за парламентарно однесување.

Претседателот на Комисијата за деловнички и мандатно-имунитетни прашања, г. Панчо Минов, во своите заклучни согледувања истакна дека ваквите размени на искуства и практики се позитивни и корисни  во пресрет на понатамошните активности кои Комисијата во соработка со Мисијата на ОБСЕ во Скопје, ОДИХР и НДИ, ќе ги реализира во периодот што следува со цел унапредување на парламентарните стандарди за однесување и етика.


Click