Активности

Вторник, 23 февруари 2021

Средба Адеми - Река

Претседателот на Комисијата за европски прашања на Собранието на Република Северна Македонија, Арбер Адеми, имаше средба со албанскиот амбасадор во земјава, Н.Е. Фатос Река.

Адеми посебно го истакна значењето на добрата пријателска соработка меѓу двете соседни и пријателски држави, особено во светлото на актуелните процеси во нашите евроинтегративни процеси.

Притоа, Адеми ја нагласи важноста на што поскорото отпочнување на  преговорите за ЕУ членство, како приоритет на двете држави  кои имаат кандидатски статус.

Амбасадорот Река истакна дека во интерес на двете држави е во рамките на Португалското ЕУ претседателство да се случат позитивни придвижувања кон ЕУ.

На средбата заедничка беше констатацијата дека односите меѓу двете држави се пријателски и дека постои соработка во сите области од интерес на граѓаните. Исто така, беа разменети мислења за актуелните случувања во двете земји и пошироко во регионот на политички план, но и за прашањата за обезбедување и вакцинација на населението против Корона-Сарс вирусот.

Click