Активности

Понеделник, 29 март 2021 година

Средба на претседателот Џафери со полковникот Јанкович

Денеска, претседателот на Собранието на Република Северна Македонија, Талат Џафери, го прими во проштална посета Началникот на Канцеларијата на НАТО за врски во Скопје, полковник Зоран Јанкович. 

Претседателот Џафери во оваа пригода се заблагодари на досегашниот ангажман на оваа Канцеларија, особено на г. Јанкович како современик на нашата тридецениска НАТО интеграција, со желби за натамошни успеси на личен и професионален план.

Полковник Јанкович истакна дека, заслугите за реализацијата на оваа значајна придобивка за државата се на сите досегашни влади, парламенти и претседатели, но, улогата на Собранието е круцијална во рафинирањето на политичкиот дијалог и консензус за членство во најмоќниот и најдолговечниот воено - политички сојуз на глобално ниво. 

Соговорниците разменија мислења за идните активности во НАТО Алијансата кои ќе бидат фокусирани на перманентна трансформација и модернизација, како и градење на стабилни одбранбени системи. Сојузништвото со сите земји членки на НАТО заедно, но и врз одвоени билатерални основи, претставува натамошен предизвик за земјата кон постигнувањето на основната цел на Алијансата – заштитник на глобалниот мир и безбедност.  

 

Со одбележувањето на една година од полноправното членство на Република Северна Македонија во НАТО, престанува да функционира НАТО Канцеларијата за врски во Скопје, бидејќи од консумент, државата стана рамноправен контрибутор во сите активности на НАТО, како на политички, така и на воен план. 

 

Веб-страницата на Собранието користи колачиња (cookies).

Колачињата се користат за подобрување на Вашето корисничко искуство.