Активности

Четврток, 18 февруари 2021 година

СРЕДБА НА РЕЏЕПИ СО ЕВРОПРАТЕНИКОТ ИЛХАН ЌУЧУК

Координаторот на парламентарната група АА/ ААА, Скендер Реџепи-Зејди, денеска, имаше средба со известувачот во Европскиот Парламент за Северна Македонија, европратеникот Илхан Ќучук, со кого разговараа за соседските односи со Бугарија како и подготвеноста на нашата земја за имплементирање на европските стандарди.

Европратеникот беше информиран дека соседните проблеми со Бугарија се само пречка на европските интеграции на нашата земја.

Северна Македонија, за да биде дел од ЕУ треба да сработи повеќе од работите во кои актуелната власт потфрлува, како што се борбата против корупцијата, правосудството и партизираното и политизираното судство, потфрлувањето со пандемијата и вакцините, школските учебници со дискриминирачка содржина кон Албанците, непропорционалната распределба на годишниот буџет и за населените места со Албанци, и друго.

Исто така се разговараше и за работата на Собранието како и за следните локални избори.

Click