Активности

Четврток, 18 февруари 2021

Трета седница на Комитетот за односи меѓу заедниците 

Комитетот за односи меѓу заедниците денеска ја одржа Третата седница,  на која присуствуваа претседателката на Комитетот, заменикот, членовите и претставник од Американската амбасада во Скопје.

Претседателката на Комитетот, Арбана Пашоли, ја презентираше Програмата за работа на Комитетот за 2021 г. и воедно порача дека истата во континуитет ќе се надградува со придонес на членовите на  Комитетот. Членовите и сега и во иднина можат да предлагаат теми или идеи за расправа на седниците за прашања од надлежност на Комитетот. 

Во Програмата за работа и Агендата на активности на Комитетот се внесени сите предлози, прашања, идеи и актуелни теми од страна на членовите на Комитетот кои се однесуваат на односите меѓу заедниците во земјава, а се во надлежност на Комитетот, плус предлозите кои се доставени писмено и усно, а исто така и од пополнетите прашалници. 

Комитетот едногласно ја утврди Агендата на активности и  ја усвои Програмата за работа на Комитетот за односи меѓу заедниците во 2021 година.

Функционален Комитет за односи меѓу заедниците треба да биде можен чекор напред за намалување на недоразбирањата и подобри меѓуетнички односи.

Клучни проритети на Комитетот се конструктивни  меѓуетнички односи, антидискриминација, образование, култура, соодветна и правична застапеност, употреба на јазиците, медиумите, комуникациска мрежа со меѓународните институции и со членовите на граѓанското општество.

Click