Состанок на Клубот на пратенички 18.5.21...

Среда, 19 мај 2021

Состанок на Клубот на пратенички

Претседателството на Клубот на пратенички на Собранието на Република Северна Македонија вчера одржа состанок, на кој се дискутираше за активностите од неговото формирање, барањата од НВО и идните активности.

Прочитај повеќе

Работна средба на Комитетот за односи меѓу заедниците 18 ма...

Вторник, 18 мај 2021

Работна средба на Комитетот за односи меѓу заедниците

Претседателката на Комитетот за односи меѓу заедниците, Арбана Пашоли, оствари работна средба со членовите на Комитетот, односно координаторите на групите, каде беа изнесени идеи и предлози во однос на понатамошните активности на Комитетот.

Прочитај повеќе

Средба на Управувачкиот совет на ПСП...

Понеделник, 17 мај 2021 година

Средба на Управувачкиот совет на ПСП

На состанокот беа присутни членовите на Управувачкиот совет на Проектот за парламентарна поддршка односно, претседателот на Собранието, потпретседателите на Собранието, координаторите на пратеничките групи и генералната секретарка на Собранието. Оваа реформа се одвива во рамките на Проектот за парламентарна поддршка, но и како дел од Акцискиот план на Собранието за Партнерството за отворено владеење и најважно од сè, во согласност со целите на Стратешкиот план на Собранието. 
Прочитај повеќе

Средба на претседателот Џафери со Народниот правобранител З...

Понеделник, 17 мај 2021 година

Средба на претседателот Џафери со Народниот правобранител Зибери 

Во текот на средбата се разговараше за прашања од работата и надлежностите на Народниот правобранител и други актуелни состојби, прашања и активности. 

Прочитај повеќе

СРЕДБА НА ПРЕТСЕДАТЕЛОТ ЏАФЕРИ СО МАЗИ...

Петок, 14 мај 2021 година

СРЕДБА НА ПРЕТСЕДАТЕЛОТ ЏАФЕРИ СО МАЗИ

Џафери и Мази се согласија дека Северна Македонија и Албанија споделуваат заеднички интереси на надворешно-политички план, во рамките на ЕУ и НАТО, регионалната соработка и посветеноста за сеопфатен развој на Западниот Балкан. За земјите од регионот не постои алтернатива, нивната иднина е во ЕУ. Процесот на проширување не треба постојано да се одложува и Унијата треба да понуди конкретни перспективи за европската интеграција, а пред сè, одржување на првите меѓувладини конференции за Република Северна Македонија и Република Албанија, со кои ќе го означиме формалниот старт на преговорите.
Прочитај повеќе

Заедничко соопштение-Дијалогот Жан Моне...

Среда, 12 мај 2021 година

Силна посветеност на процесот на Дијалогот Жан Моне и на постигнувањето конкретни резултати пред следниот круг разговори

Заедничко соопштение за медиуми на олеснувачите на Европскиот парламент за процесот на Дијалогот Жан Моне со Собранието и на Претседателот на Собранието на Република Северна Македонија

Прочитај повеќе

Петнаесетта седница на Комисијата за транспорт, врски и еко...

Вторник, 11 мај 2021

Петнаесетта седница на Комисијата за транспорт, врски и екологија

Комисијата за транспорт, врски и екологија на Собранието, на денешната 15. седница, како матично работно тело го разгледа Извештајот од Законодавно-правната комисија на Предлог-законот за утврдување правен статус на бесправно изградени објекти (скратена постапка).

Прочитај повеќе

Чешка - наш стратешки партнер, пријател и поддржувач...

Вторник, 11 мај 2021

Чешка - наш стратешки партнер, пријател и поддржувач

Во Собранието денеска се одржа настан во врска со безбедноста, со кој претседаваше претседателот на Комисијата за одбрана и безбедност, Миле Талевски, а на кој учествуваше делегација од Чешката Република, составена од министерот за одбрана, Лубомир Метнар и заменик-министерот за одбранбена политика и стратегија, Јан Хавранек.

Прочитај повеќе

Средба на претседателот Џафери со министерот Метнар...

Вторник, 11 мај 2021

Средба на претседателот Џафери со министерот Метнар

Претседателот на Собранието на Република Северна Македонија, Талат Џафери, денеска се сретна со министерот за одбрана на Чешката Република  г. Лубомир Метнар. На средбата, претседателот Џафери изрази благодарност за континуираната поддршка што нашата земја ја добива од Чешката Република за нашите евроатлански и европски интеграции.

Прочитај повеќе

Претседателот Џафери се сретна со победниците на симулација...

Вторник, 11 мај 2021

Претседателот Џафери се сретна со победниците на симулацијата „Имам став“

Денеска, претседателот на Собранието на Република Северна Македонија, г. Талат Џафери, оствари средба со учениците и професор од Средното училиште „Кочо Рацин“ од Велес, победници на онлајн натпреварот „Имам став" – симулација на процесот на разгледување на предлог-закони во Собранието, на која учествуваа 10 училишта од различни градови.

Прочитај повеќе
1...293031...57                                                          
Click