СРЕДБА НА ПРЕТСЕДАТЕЛОТ ЏАФЕРИ СО Н.Е. ВИОРЕЛ СТАНИЛА...

Петок, 9 октомври 2020

СРЕДБА НА ПРЕТСЕДАТЕЛОТ ЏАФЕРИ СО Н.Е. ВИОРЕЛ СТАНИЛА

Претседателот на Собранието на Република Северна Македонија, Талат Џафери, денеска оствари проштална средба со амбасадорот на Романија, Н.Е. Виорел Станила.

Претседателот Џафери се заблагодари за досегашната соработка со Амбасадата на Романија во Република Северна Македонија и лично на амбасадорот Станила за неговиот придонес во евроатланскиот пат на земјата.  

Прочитај повеќе

СРЕДБА НА ПРЕТСЕДАТЕЛОТ ЏАФЕРИ СО КОМЕСАРОТ ОЛИВЕР ВАРХЕЛИ...

Среда, 7 октомври 2020

СРЕДБА НА ПРЕТСЕДАТЕЛОТ ЏАФЕРИ СО КОМЕСАРОТ ОЛИВЕР ВАРХЕЛИ

Претседателот на Собранието на Република Северна Македонија, Талат Џафери, денеска оствари средба со Комесарот за соседство и проширување на ЕУ Оливер Вархели, во рамките на неговата работна посета на земјата. 

Прочитај повеќе

Извештај за напредокот на Северна Македонија во 2020 од Евр...

Среда, 7 октомври 2020

Извештај за напредокот на Северна Македонија во 2020 од Европската комисија

Собрание  
Собранието ја подобри својата улога како примарен форум за конструктивен политички дијалог и ги исполни своите законодавни функции, вклучително и преку усвојувањето на клучните закони поврзани со Европската Унија. 

Прочитај повеќе

Јавна расправа за состојбите во лозаропреработувачкиот сект...

Вторник, 6 октомври 2020

Јавна расправа за состојбите во лозаропреработувачкиот сектор 

Комисијата за земјоделство, шумарство и водостопанство на 1-та седницата одржана на 1, 2 и 5 октомври 2020 година, како матично работно тело одржа Јавна расправа на тема: „Информација за состојбите во лозаропреработувачкиот сектор во 2020 година“.

Прочитај повеќе

Поранешни европратеници со континуирана поддршка за нашите ...

Вторник, 6 октомври 2020

Поранешни европратеници со континуирана поддршка за нашите евроинтегративни процеси

Членовите на Комисијата за европски прашања и на Комисијата за надворешна  политика на Собранието на Република Северна Македонија, вчера остварија виртуелна средба со делегација од поранешни европратеници во Европскиот парламент, предводени од поранешниот претседател, д-р Ханс Герт Потеринг. Свои обраќања имаа претседателот и членот на Комисијата за европски прашања, г. Адеми и  г-ѓа Снежана Калеска Ванчева, како и претседателот на Комисијата за  надворешна политика, г. Антонијо Милошоски, кои поздравувајќи ја оваа иницијатива на бившите европратеници за виртуелна средба, им посакаа добро здравје и успех во  понатамошните нивни активности.

Прочитај повеќе

Средба на претседателот Џафери со Н.Е. Хасан Мехмет Секизќо...

Вторник, 6 октомври 2020

Средба на претседателот Џафери со Н.Е. Хасан Мехмет Секизќок

Претседателот на Собранието на Република Северна Македонија, Талат Џафери, денеска оствари средба амбасадорот на Република  Турција, Н.Е. Хасан Мехмет Секизќок. На средбата беше изразено заемно задоволство од одличните билатерални односи и успешната соработка меѓу двете земји, во духот на традиционалното пријателство и партнерство.

Прочитај повеќе

СРЕДБА НА ПРЕТСЕДАТЕЛОТ ЏАФЕРИ СО РОСАНА ДУЏАК...

Понеделник, 5 октомври 2020

СРЕДБА НА ПРЕТСЕДАТЕЛОТ ЏАФЕРИ СО РОСАНА ДУЏАК

Претседателот на Собранието на Република Северна Македонија Талат Џафери, денеска оствари средба со постојаната координаторка на Обединетите нации во Северна Македонија, Росана Дуџак. На средбата беа разменети информации и идеи како да се продлабочи соработката меѓу Организацијата на Обединетите нации и Собранието на Република Северна Македонија, особено во врска со имплементацијата на Агендата 2030 и целите за одржлив развој.

Прочитај повеќе

ВИРТУЕЛНА СРЕДБА НА ПРЕТСЕДАТЕЛОТ ЏАФЕРИ СО ПОРАНЕШНИ ПРАТЕ...

Понеделник, 5 октомври 2020

ВИРТУЕЛНА СРЕДБА НА ПРЕТСЕДАТЕЛОТ ЏАФЕРИ СО ПОРАНЕШНИ ПРАТЕНИЦИ ОД ЕВРОПСКИОТ ПАРЛАМЕНТ 

Претседателот на Собранието на Република Северна Македонија, Талат Џафери, денеска оствари виртуелна средба со делегација од поранешни европратеници во Европскиот парламент, предводени од поранешниот претседател, д-р Ханс Герт Потеринг.  

Упатувајќи му честитки за повторниот избор за претседател на Собранието, д-р Потеринг го истакна неговиот придонес во стабилизирањето на работата на Собранието во претходниот мандат и посочи дека поддршката од Европскиот парламент и од претседателот Сасоли ќе продолжи со несмален интензитет и во овој мандат. 

Прочитај повеќе

Прва седница на Комисијата за транспорт, врски и екологија ...

Петок, 2 октомври 2020

Прва седница на Комисијата за транспорт, врски и екологија

Комисијата за транспорт, врски и екологија на Собранието на Република Северна Македонија, на првата денешна седница, како матично работно тело, ги разгледа:

Прочитај повеќе

Учество на Генералната секретарка Иванова на Интернет-соста...

Среда, 30 септември 2020

Учество на Генералната секретарка Иванова на Интернет-состанок за предизвиците во парламентарното работење за време на пандемија

Генералната секретарка на Собранието на Република Северна Македонија, Цветанка Иванова, денеска учествуваше на Интернет-состанок за добрите практики и постојните предизвици во Парламентите на Западен Балкан за време на пандемијата Ковид-19.

Имајќи ја предвид важноста од континуираното работење на парламентите, НДИ го организираше овој состанок во рамките на Иницијативата за зајакнување на законодавството на Западен Балкан (WBLSI), а учество зедоа генералните секретари од Парламентите во Скопје, Тирана, Сараево, Подгорица, Загреб, Приштина и Белград.

Прочитај повеќе
1...525354...57                                                          
Click