Учество на заменик-генералниот секретар Милковски на Е-конф...

Среда, 30 септември 2020 година

Учество на заменик-генералниот секретар Милковски на Е-конференција

Заменик-генералниот секретар на Собранието, Мики Милковски, денеска учествуваше на Е-конференција на тема: „Отворено владино партнерство – дијалог за Националниот акциски план 2021-2023“.

Онлајн конференцијата беше во организација на Министерството за информатичко општество и Отвореното владино партнерство на Република Северна Македонија, а свои воведни обраќања покрај заменик-генералниот секретар Милковски, имаа и: министерот за информатичко општество и администрација, Јетон Шаќири; генералниот секретар на Отвореното владино партнерство, Пол Масен; како и националната координаторка за Отвореното владино партнерство, Гордана Гапиќ-Димитровска.

Прочитај повеќе

Средба на претседателот Џафери со Н.Е. Кеико Ханеда...

Вторник, 29 септември 2020

Средба на претседателот Џафери со Н.Е. Кеико Ханеда

На денешната проштална средба со амбасадорката на Кралството Јапонија во нашата земја, Н.Е. Кеико Ханеда, претседателот на Собранието на Република Северна Македонија Талат Џафери, изрази задоволство од досегашната соработка со јапонската Амбасада, односно со првиот резидентен амбасадор, Н.Е. Ханеда и во таа насока, нагласи дека очекува во наредниот период да продолжи оваа соработка и со новиот амбасадор, со што ќе продолжи трендот на јакнење на политичките и економските релации меѓу двете земји. Тоа ќе резултира со зголемување на јапонските инвестиции, и интензивирање на соработката во областа на медицината, туризмот, културата и други области.

Прочитај повеќе

Средба на претседателот Џафери со Н.Е. Сергеј Баздникин...

Вторник, 29 септември 2020

Средба на претседателот Џафери со Н.Е. Сергеј Баздникин

Претседателот на Собранието на Република Северна Македонија, Талат Џафери, денеска оствари средба со амбасадорот на Руската Федерација, Н.Е. Сергеј Баздникин.

Претседателот Џафери оцени дека билатералните односи меѓу Република Северна Македонија и Руската Федерација се карактеризираат со пријателство, принципиелна соработка и отвореност, како и со можности за продлабочување на парламентарната соработка, што ќе придонесе за унапредување на соработката во другите области.

Прочитај повеќе

СРЕДБА НА ПРЕТСЕДАТЕЛОТ ЏАФЕРИ СО ПРЕТСЕДАТЕЛОТ НА РЕПУБЛИК...

Петок, 25 септември 2020

СРЕДБА НА ПРЕТСЕДАТЕЛОТ ЏАФЕРИ СО ПРЕТСЕДАТЕЛОТ НА РЕПУБЛИКА СЛОВЕНИЈА ПАХОР

Претседателот Џафери изрази задоволство од одржувањето на денешната средба со државник кој доаѓа од пријателска земја и промотор на нашите евроатлански интеграции. Интензитетот на билатерални средби на сите нивоа е само уште една потврда за одличните билатерални односи кои се градат и негуваат со години. Тој упати благодарност за поддршката во клучни моменти од нашата понова историја, а особено во време на кризи кога Словенија ја понуди својата помош со испраќање тимови на нашата јужна граница за справување со бегалската криза и актуелно, со медицински тим и заштитна опрема за справување со пандемијата предизвикана од Ковид-19.
Прочитај повеќе

СРЕДБА НА ПРЕТСЕДАТЕЛОТ ЏАФЕРИ СО Н.Е. МИЛАН ПРЕДАН ...

Четврток, 24 септември 2020

СРЕДБА НА ПРЕТСЕДАТЕЛОТ ЏАФЕРИ СО Н.Е. МИЛАН ПРЕДАН

Претседателот на Собранието на Република Северна Македонија Талат Џафери, денеска оствари средба со новоименуваниот вонреден и ополномоштен амбасадор на Република Словенија во Република Северна Македонија, Н.Е. Милан Предан.

Амбасадорот Предан му упати честитки на претседателот Џафери од страна на претседателот на Државниот збор на Република Словенија, Игор Зорчич, и во негово лично име, за повторниот избор за претседател на Собранието и за неговиот придонес во стабилизацијата на состојбите во државата во изминатите години. Т

Прочитај повеќе

Средба на претседателот на Џафери со Н.Е. Ѓерѓ Дедај...

Среда, 23 септември 2020

Средба на претседателот на Џафери со Н.Е. Ѓерѓ Дедај

Претседателот Џафери изрази задоволство од добрите и конструктивни билатерални односи меѓу Република Северна Македонија и Република Косово, како и плодната меѓупарламентарна соработка. 
Прочитај повеќе

Сè што зависи од човечки фактор е решливо...

Среда, 23 септември 2020

Сè што зависи од човечки фактор е решливо

По повод Светскиот ден на знаковниот јазик, претседателот на Собранието на Република Северна Македонија Талат Џафери, прими претставници на учениците и наставниците од училиштето за средно стручно образование за деца со оштетен слух, ДУЦОР “Партенија Зографски”.

Прочитај повеќе

Средба на претседателот Џафери со Мајлинда Брегу...

Вторник, 22 септември 2020

Средба на претседателот Џафери со Мајлинда Брегу

Претседателот на Собранието на Република Северна Македонија, Талат Џафери, денеска во неговиот кабинет ја прими Мајлинда  Брегу,  генерална секретарка на Советот за регионална соработка. Во оваа прилика, претседателот Џафери изрази задоволство од оваа повторна средба со г-ѓа Брегу, кога регионалната соработка се интензивира и продлабочува, а особено во време на пандемија кога повеќето меѓународни состаноци се одржуваат  виртуелно.

Прочитај повеќе

СРЕДБА НА ПРЕТСЕДАТЕЛОТ ЏАФЕРИ СО Н.Е. ДЕЈВИД ГИР...

Понеделник, 21 септември 2020  

СРЕДБА НА ПРЕТСЕДАТЕЛОТ ЏАФЕРИ СО Н.Е. ДЕЈВИД ГИР

Амбасадорот Гир му го честиташе повторниот избор за претседател и го пофали за неговото успешно водење на Собранието во изминатиот и во овој мандат. Исто така, ја изрази  спремноста на Делегацијата во целост да даде поддршка на Собранието како витална институција во евроинтеграцискиот процес.
Прочитај повеќе

Средба на претседателот Џафери со Гент Цакај...

Петок, 18 септември 2020

Средба на претседателот Џафери со Гент Цакај

Претседателот на Собранието на Република Северна Македонија,  Талат Џафери, денеска имаше средба со Гент Цакај, овластен министер за Европа и надворешни работи на Република Албанија.

Во оваа прилика, претседателот Џафери се заблагодари на Република Албанија што беше трета земја членка на Алијансата што го ратификуваше Протоколот за пристапување на Република Северна Македонија во НАТО.

Прочитај повеќе
1...535455...57                                                          
Click