Студиска посета за одржлива урбана мобилност и планирање на...

Понеделник, 13 мај 2019 година

Студиска посета за одржлива урбана мобилност и планирање на сообраќајот по примерот на Љубљана

Претседателката на Комисијата за транспорт, врски и екологија, Лилјана Затуроска и членот на Комисијата, Мирослав Јовановиќ, се на студиска посета во Љубљана, Република Словенија, од 12 до 15 мај, во врска со одржливата урбана мобилност и планирање на сообраќајот по примерот на словенечката метропола.

Прочитај повеќе

Средба на претседателот на Собранието на Република Северна ...

Недела, 12 мај 2019 година

Средба на претседателот на Собранието на Република Северна Македонија, Талат Џафери, со претседателот на Република Бугарија, Румен Радев                                      

На инаугурацијата на новоизбраниот претседател на Република Северна Македонија, меѓу другите гости беше присутен и претседателот на Република Бугарија, Румен Радев, со кого претседателот на Собранието на Република Северна Македонија Талат Џафери оствари кратка протоколарна средба.

Прочитај повеќе

СРЕДБА НА ПРЕТСЕДАТЕЛОТ ЏАФЕРИ СО ПРЕТСЕДАТЕЛОТ НА РЕПУБЛИК...

Недела, 12 мај 2019 година

СРЕДБА НА ПРЕТСЕДАТЕЛОТ ЏАФЕРИ СО ПРЕТСЕДАТЕЛОТ НА РЕПУБЛИКА АЛБАНИЈА, Г. ИЛИР МЕТА

На денот на свечената  инаугурација на новиот претседател на Република Северна Македонија, Стево Пендаровски, меѓу присутните странски државници на инаугурацијата беше и Претседателот на Република Албанија Илир Мета. По завршувањето на седницата, претседателот на Собранието на Република Северна Македонија Талат Џафери оствари билатерална средба со претседателот  на Република Албанија, г. Илир Мета.

Прочитај повеќе

Инаугурација на новоизбраниот претседател на Републиката Ст...

Недела, 12 мај 2019 година

Инаугурација на новоизбраниот претседател на Републиката Стево Пендаровски во Собранието на Република Северна Македонија

Претседателот на Република Северна Македонија, Стево Пендаровски, даде свечена изјава пред Собранието на Република Северна Македонија. Со ова Пендаровски и официјално ја презема функцијата претседател на државата.

Прочитај повеќе

„Борба против дезинформациите во Југоисточна Европа“ ...

Сабота, 11 мај 2019 година

„Борба против дезинформациите во Југоисточна Европа“ - тема на Генералната комисија за правда, внатрешни работи и безбедносна соработка на ПС на ПСЈИЕ

Генералната комисија за правда, внатрешни работи и безбедносна соработка во рамките на редовната работа на Парламентарното собрание на Процесот за соработка во Југоисточна Европа, одржа седница во Собранието на Република Северна Македонија на тема „Борба против дезинформациите во Југоисточна Европа“.

Прочитај повеќе

Учество на пратеничката Лилјана Кузмановска на регионален с...

Четврток, 9 мај 2019 година

Учество на пратеничката Лилјана Кузмановска на регионален семинар во Тирана

Претседателката на Комисијата за финансирање и буџет, Лилјана Кузмановска, од  8 мај до 11 мај 2019 година учествува на регионален семинар на Врховните ревизорски институции и мрежатана парламентарни комисии за финансии, економија и европски интеграции во земјите на Западен Балкан, кој се одржува во Тирана, Република Албанија. 

На семинарот се дискутира за зајакнувањето на соработката помеѓу Врховните ревизорски институции и Парламентите на земјите од Западен Балкан.

Прочитај повеќе

Средба на претседателот Џафери со Делегацијата на Постојана...

Среда, 8 мај 2019 година

Средба на претседателот Џафери со Делегацијата на Постојаната комисија за европски прашања на Претставничкиот дом на Кралството Холандија                                 

На денешната средба на претседателот на Собранието на Република Северна Македонија Талат Џафери со делегацијата на Постојаната комисија за европски прашања на Претставничкиот дом на Кралството Холандија, предводена од претседателот на комисијата Хајке Велдман, се разменија информации и мислења во врска со нашата европска агенда и реформите кои следат на патот кон утврдување на датумот за преговори со ЕУ.

Прочитај повеќе

Обраќање на претседателот Џафери на отворањето на петтата е...

Понеделник, 6 мај 2019 година

Обраќање на претседателот Џафери на отворањето на петтата едиција на Европската недела „Денот на Европа“, организирана од Институтот за меѓународни и политички студии, во општина Чаир

Толку често, може да се каже и на секојдневна основа, сите носители на јавни функции и политички субјекти, вклучително и јас самиот ја споменуваме Европската унија и интеграцијата на Република Северна Македонија во истата. Тоа е така бидејќи стремежот за Европската унија е всушност стремеж за подобар квалитет на животот на сите граѓани во нашата држава. 
Прочитај повеќе

Обраќање на претседателот Џафери на промоцијата на поштенск...

Понеделник, 6 мај 2019 година

Обраќање на претседателот Џафери на промоцијата на поштенската марка „Прва посета на Папа во Република Северна Македонија“ 

Како што ви е познато, утре кај нас доаѓа во посета Папата, поглаварот на Римо-католичката црква во рамките на неговата Балканска турнеја и оваа промоција е навистина одличен начин за да се забележи овој историски настан. 
Прочитај повеќе

Работилница на ОБСЕ како поддршка на Стратешкиот план на Со...

Четврток, 25 април 2019 година

Работилница на ОБСЕ како поддршка на Стратешкиот план на Собранието на Република Северна Македонијa

Мисијата на ОБСЕ во Скопје организираше дводневна работилница за  вработени во Секторот за работни тела, како  поддршка на Стратешкиот план на Собранието на Република Северна Македонија. Потребата за оваа обука произлзае од наодите и препораките на функционалната анализа на службата на Собранието реализирана од страна на Мисијата на ОБСЕ во Скопје и Фондацијата за демократија Вестминстер и консултациите со Секторот за работни тела.

Прочитај повеќе
1...343536...117                                                                                                                      
Click