Вторник, 9 април 2013 година
Дваесет и шеста седница на Комисијата за земјоделство, шумарство и водостопанство
Комисијата за земјоделство, шумарство и водостопанство на Собранието на Република Македонија, на денешната 26. седница, како матично работно тело, во прво читање, ги разгледа:
- Предлог-законот за изменување и дополнување на Законот за ѓубриња;
- Предлог-законот за изменување и дополнување на Законот за производи за заштита на растенијата;
- Предлог-законот за изменување и дополнување на Законот за семенски и саден материјал за земјоделски растенија;
- Предлог-законот за изменување и дополнување на Законот за здравјето на растенијата;
- Предлог-законот за изменување и дополнување на Законот за ловството;
- Предлог-законот за дополнување на Законот за земјоделство и рурален развој.
На седницата на Комисијата, во својство на претставник на Владата на Република Македонија, присуствуваше г. Зоран Коњановски, заменик-министер за земјоделство, шумарство и водостопанство.
Претставникот на Владата ја нагласи потребата за донесување на законите, целите што ќе се постигнат и основните решенија што се уредуваат со нив.
Комисијата, во однос на сите шест Предлог-закони, со по 6 гласа „за“ и 1 „воздржан“, усвои идентичен Заклучок:
- Комисијата за земјоделство, шумарство и водостопанство ги разгледа Предлог-законите, од гледна точка на потребата за донесување на законите, начелата врз кои треба да се засноваат законите, основните односи што се уредуваат со законите и начинот на кој се предлага нивното уредување, и согласно член 142, став 1 од Деловникот на Собранието на Република Македонија, оцени дека Предлог-законите се прифатливи и треба да се дадат на натамошно читање.
-