Петок, 26 април 2013 година, Гармиш-Партенкирхен, Германија
Учество на делегација на Собранието на семинар за национална безбедносна политика


Пратениците Марија Рашковска, Димитар Стевананџија, Тони Трајановски, Косана Мазнева-Николиќ, Тања Томиќ, Цветанка Иванова, Сафет Бишевац, Сузана Салиу, Вјолца Мехмеди-Нуредини, Марјанчо Николов и Ивон Величковски од 23 до 26 април 2013 година учествуваат на семинар за национално безбедносни политики, кој се одржува во Гармиш-Партенкирхен, Германија.
Овој настан е во организација на Европскиот центар за безбедносни студии „Џорџ Маршал“, а во соработка со Амбасадата на САД во Република Македонија.
Целта на семинарот е да се воспостави стратегиска комуникација со парламентарните институции во безбедносниот сектор и да се зајакне капацитетот за имплементирање и развивање на национална безбедносна и одбранбена стратегија која ќе овозможи транспарентност при носењето на одбранбени политики.
На семинарот стана збор за улогата на парламентите во носењето на буџетот и во финансискиот надзор врз безбедносниот сектор, како и за спречување на криминалот и корупцијата, владеењето на правото и за регионалната безбедносна соработка.