Сабота, 2 април 2011 година
Четириесет и трета седница на Комисијата за одбрана и безбедност
Комисијата за одбрана и безбедност на Собранието на Република Македонија, на Четириесет и третата седница, одржана на 29 март 2011 година, како матично работно тело, ги разгледа:
- Предлог-законот за дополнување на Законот за пријавување на живеалиштето и престојувалиштето на граѓаните - I читање;
- Предлог-законот за изменување и дополнување на Законот за обезбедување на лица и имот - I читање;
- Предлог-законот за изменување на Законот за детективска дејност - I читање;
- Предлог-законот за дополнување на Законот за безбедност на сообраќајот на патиштата - I читање.
Потребата од донесување на законите ја образложи претставникот на Владата, заменик-министерот за внатрешни работи, г. Џеват Бучи, кој истакна дека станува само за усогласување на постојните закони со принципот „молчењето значи одобрување“.
Врз основа на расправата и член 142 од Деловникот на Собранието на Република Македонија, Комисијата за одбрана и безбедност, едногласно констатира дека горенаведените Предлог-закони се прифатливи и треба да се дадат на натамошно читање.