Сабота, 2 април 2011 година
Четириесет и шеста седница на Комисијата за образование, наука и спорт
Комисијата за образование, наука и спорт на Собранието на Република Македонија, на седницата одржана на 29 март 2011 година, во прво читање ги разгледа:
- Предлогот на закон за изменување и дополнување на Законот за средното образование;
- Предлогот на закон за изменување и дополнување на Законот за основното образование;
- Предлогот на закон за изменување и дополнување на Законот за високото образование;
- Предлогот на закон за изменување и дополнување на Законот за образование на возрасните;
- Предлогот на закон за изменување и дополнување на Законот за просветната инспекција;
- Предлогот на закон за изменување и дополнување на Законот за спортот.
Потребата од донесување на горенаведените Предлог-закони ја образложија повереникот на предлагачот, г. Стојанчо Стојковски, раководител на Сектор во Министерството за образование и наука и г. Ибрахим Ибрахими, заменик на министерот за правда.
Во расправата учествуваа и пратениците: г-ѓа Соња Цветковска, г-ѓа Наташа Јаневска и г. Јован Лазарев.
Комисијата врз основа на член 142 од Деловникот на Собранието на Република Македонија, констатира дека сите Предлог-закони се прифатливи и треба да се дадат на натамошно читање.