Понеделник, 4 април 2011 година
Шеесет и четврта седница на Комисијата за економски прашања
Комисијата за економски прашања на Собранието на Република Македонија, на денешната Шеесет и четврта седница, во второ читање ги разгледа:
- Предлогот на закон за изменување и дополнување на Законот за државната статистика;
- Предлогот на закон за изменување и дополнување на Законот за минерални суровини;
- Предлогот на закон за изменување и дополнување на Законот за вршење на занаетчиска дејност;
- Предлогот на закон за изменување и дополнување на Законот за угостителска дејност;
- Предлогот на закон за изменување и дополнување на Законот за туристичка дејност;
- Предлогот на закон за дополнување на Законот за едношалтерскиот систем и за водење на трговскиот регистер и регистерот на други правни лица;
- Предлогот на закон за дополнување на Законот за возила;
- Предлогот на закон за изменување и дополнување на Законот за акредитација;
- Предлогот на закон за изменување и дополнување на Законот за трговија;
Претседателот на Комисијата за економски прашања, г. Љубисав Иванов-Ѕинго, ги извести пратениците дека во рокот утврден со Деловникот на Собранието на Република Македонија по Предлог-законите не се поднесени амандмани од овластени предлагачи.
На крајот од седницата, Комисијата за економски прашања заклучи горенаведените Предлог-закони да ги проследи на натамошна постапка на Собранието на Република Македонија.