Понеделник, 4 април 2011 година
Шеесет и шеста седница на Комисијата за труд и социјална политика
Комисијата за труд и социјална политика на Собранието на Република Македонија, денеска ја одржа својата Шеесет и шеста седница, на која како матично работно тело, во второ читање, ги разгледа:
- Предлог-законот за дополнување на Законот за работните односи, по скратена постапка;
- Предлог-законот за дополнување на Законот за вработувањето и осигурување во случај на невработеност;
- Предлог-законот за изменување и дополнување на Законот за пензиското и инвалидското осигурување;
- Предлог-законот за изменување и дополнување на Законот за социјалната заштита;
- Предлог-законот за изменување и дополнување на Законот за заштита на децата;
- Предлог-законот за изменување и дополнување на Законот за матична евиденција за осигурениците и корисниците на правата од пензиското и инвалидското осигурување.
Пратениците: г-ѓа Дарка Петрушевска, г-ѓа Виолета Ташева, г. Веле Ѓорѓиевски, г-ѓа Оливера Трајановска, г-ѓа Надица Танчева-Тулиева, г-ѓа Наташа Јаневска, г-ца Марија Рашковска и г-ѓа Нада Станчевска, поднесоа два Амандмани по Предлогот на закон за изменување и дополнување на Законот за социјалната заштита и четири Амандмани по Предлогот на закон за изменување и дополнување на Законот за заштита на децата.
Сите амандмани беа усвоени, а претседателот на Комисијата овие два Предлог-закони ги проследи на натамошна постапка во Собранието.
Претседателот на Комисијата констатира дека во законскиот рок по преостанатите четири Предлог-закони нема поднесено амандмани и истите ги проследи на натамошна постапка во Собранието.