Вторник, 28 април 2009 година, Комисија за одбрана и безбедност
Деветта седница на Комисијата за одбрана и безбедност
Комисијата за одбрана и безбедност на Собранието на Република Македонија на Деветтата седница како матично работно тело го разгледа Предлогот на одлука за испраќање на припадник на Армијата на Република Македонија за учество во мировна операција на Обединетите нации, UNIFIL во Либан.
На седницата беше истакнато дека со оваа одлука се исполнуваат обврските преземени од страна на Република Македонија за учество во мировната операција UNIFIL во Либан.
Комисијата го разгледа и усвои Предлогот и му предлага на Собранието да го разгледа и да го донесе истиот во предложениот текст.