Активности



Петок, 10 април 2009 година, Комисијата за труд и социјална политика

Разгледан Предлогот на законот за социјална заштита 

На Шеснаесеттата седница на Комисијата за труд и социјална политика беше разгледан Предлогот на законот за социјалната заштита – Прво читање. Со овој закон се воспоставува системот на социјална заштита на граѓаните и се овозможува нивното функционирање, обезбедување услови и мерки за вршење на социјално-заштитната дејност и развивање форми на самопомош. Како нова форма на вонинституционална заштита се предвидува сместување во мал групен дом и самостојно живеење со поддршка.

Се дава правна основа на здружение на граѓани и физичко лице да можат да вршат работи од областа на социјалната заштита, утврдени со овој закон.

Како новина се регулира можноста верските заедници и религиозните групи кои се регистрирани во Република Македонија, да можат повремено да им помагаат на лицата кои имаат потреба од одделни видови на социјална заштита. Со тоа се овозможуваат и се регулираат, за првпат, одделни нови облици и форми на социјална грижа и обезбедување на помош на граѓани кои се во состојба на поголема изложеност на социјален ризик.

Врз основа на расправата, Комисијата за труд и социјална политика едногласно констатира дека Предлогот на законот за социјална заштита е прифатлив и треба да се даде на натамошно читање.

 

           

 

 

Click