Активности



Вторник, 14 април 2009 година, Комисија за европски прашања

Разгледани Предлог законите за социјалната заштита и за шумите 

Комисијата за европски прашања во прво читање го разгледа Предлог законот за социјалната заштита и Предлог законот за шумите, по што едногласно констатира дека истите се прифатливи и му предлага на Собранието да се дадат на натамошно читање. Со Предлог законот за социјалната заштита ќе се овозможи недискриминација на сите ранливи категории на граѓани, што ќе значи исполнување на еден од стандардите за членство во Европската Унија. Исто така, со него се предвидува иста основица за сите корисници на социјалната помош.

Предложените законски решенија за шумите претставуваат изнаоѓање на решение за одредени проблеми во шумарството, со цел да се подобри квалитетот, стопанисувањето, одгледувањето и заштитата на шумите.Со овој закон се уредува нормалното функционирање на шумската полиција, која со комплетното финансирање од Буџетот на Република Македонија ќе биде независна во нејзиното работењето.

Потребата од донесување на овие закони е во рамки на хармонизација со правото на Европската унија.

Click