Активности



Четврток, 09 април 2009 година, Комисијата за политички систем и односи меѓу заедниците

Разгледан Предлог законот за изменување и дополнување на Законот за матична евиденција

На Десеттата седница, Комисијата за политички систем и односи меѓу заедниците ги разгледа Предлог законот за изменување и дополнување на Законот за матична евиденција (прво читање) и Годишниот извештај на Народниот правобранител на Република Македонија за 2008 година.

Комисијата едногласно констатираше дека Предлог законот за изменување и дополнување на Законот за матична евиденција (прво читање) е прифатлив и треба да се даде на натамошно читање.

Со овој Закон се врши допрецизирање на одредени одредби од Законот за матична евиденција, како и продолжување на рокот за почеток на примена на Законот за изменување и дополнување на Законот за матична евиденција, како резултат на неопходноста од преземање на голем број на подготвителни активности со цел да се создадат услови за примена на овој Закон.

Click