Активности



Среда, 22 април 2009, Комисија за одбрана и безбедност

Осма седница на Комисијата за одбрана и безбедност

Комисијата за одбрана и безбедност на Осмата седница ги разгледа Предлогот на законот за посебните права на учесниците во мировните операции и операциите за колективната одбрана надвор од територијата на Република Македонија и на членовите на нивните семејства - И читање и Предлог законот за изменување и дополнување на Законот за безбедност на сообраќајот и патиштата.

Воедно , дневниот ред беше надополнет  со Предлог на одлука за испраќање на припадници  на Армијата на Република Македонија за учество  во мировна операција во Авганистан и со Предлог на  одлука за испраќање на припадници  на Армијата на Република Македонија за учество во митровна операција на Европската унија во Босна и Херцеговина , ЕУФОР, АЛТЕА.

Комисијата едногласно оцени дека Предлогот на законот за посебни права на учесниците во мировните операции и операциите за колективна одбрана надвор од територијата на Република Македонија и на членовите на нивните семејства  и Предлог на закон за изменување и дополнување на Законот за безбедност на сообраќајот и патиштата се прифатливи и треба да се дадат на натамошно читање.

Исто така Комисијата ги разгледа и усвои и Предлогот на одлуката за испраќање на припадници  на Армијата на Република Македонија за учество  во мировна операција во Авганистан и Предлогот  на  одлука за испраќање на припадници  на Армијата на Република Македонија за учество во мировна операција на Европската унија во Босна и Херцеговина , ЕУФОР, АЛТЕА

 

 

Click