Среда, 22 април 2009 година
ПоТретседателот на Собранието на Република Македонија г. Јани Макрадули на 60-годишнината на Советот на Европа (Љубљана 17-19 април)
„Невладиниот сектор ја предизвикува власта - како овие предизвици да прераснаст во можности” беше темата на Конгресот, кој минатиот викенд се одржа во Љубљана. Конгресот беше посветен на одбележувањето на 60-годишнината од формирањето на Советот на Европа, а во организација на „Меѓународното европско движење”.
На средбата учествуваа претставници на парламентите на државите кандидати за членки на ЕУ, како и државите од регионот, потоа претставници на невладиниот сектор, како и претставници на Владите.
Нашата делегација ја предводеше потпретседателот на Собранието на Република Македонија, г. Јани Макрадули.
Во своето излагање, потретседателот на Собранието, г. Јани Макрадули, истакна дека во Парламентот се повеќе се чуствува присутноста на навладиниот сектор во процесот на донесување на законите но и во другите активности кои се карактеристични за парламентарната демократија.
Сепак, потребно е натамошно јакнење на невладиниот сектор, посебно во обезбедување на неговата самостојност и независност - истакна попретседателот на Собранието на Република Македонија, г. Јани Макрадули.