Активности



Четврток, 23 април 2009 година, Комисијата за транспорт, врски и екологија

Разгледан Предлогот за донесување закон за изменување и дополнување на Законот за јавна чистота

Комисијата за транспорт, врски и екологија на Осматта седница како матично работно тело го разгледа Предлогот за донесување закон за изменување и дополнување на Законот за јавна чистота, со Предлог на закон.

На комисијата беше потенцирано дека со Законот за јавна чистота ќе се уредат условите и начинот на одржување на јавната чистота, правата и обврските на учесниците во одржувањето на јавната чистота, површините и објектите на кои се врши одржување на јавната чистота, собирањето на ѓубре и чистење на снег и мраз во зимски услови.

Целта на овој Предлог закон е допрецизирање на надлежностите на одделни субјекти коишто се однесуваат на работите од областа на одржувањето на јавната чистота, кои се недоволно прецизни во основниот закон.

Воедно, беа нагласени и обврските на Државниот комунален инспекторат и униформираните полициски службеници во спроведување на одредбите на овој Закон врз сторителите на прекршоци предвидени со истиот.

Комисијата за транспорт, врски и екологија оцени дека Предлогот на законот е прифатлив и дека треба да се даде на натамошно читање.

Click