Активности



Среда, 22 април 2009, Комисија за европски прашања
 
Разгледан Предлог законот за изменување и дополнување на Законот за безбедност во сообраќајот

Комисијата за европски прашања на Собранието на Република Македонија на седница го разгледа Предлог законот за изменување и дополнување на Законот за безбедност во сообраќајот (прво читање).

Потребата од донесување на овој закон е од аспект на неговата усогласеност со правото на Европската унија. Усогласувањето со европското законодавство е во делот каде што се врши допрецизирање на одделни поими содржани во членот 2 од Законот за безбедност на сообраќајот на патиштата.

При изготвувањето на измените и дополнувањата на Законот, земени се в предвид и повеќе експертски мислења и забелешки од страна на Европската комисија, Советот на Европа, КАРДС, ИПА и ТАЕКС.

Комисијата за европски прашања едногласно му предлага на Собранието на Република Македонија дека Предлог законот за изменување и доолнување на Законот за безбедност во сообраќајот е прифатлив и дека треба да се даде на натамошно читање.

Click