Среда, 09 април 2009 година
Седница на Комисијата за надворешна политикa
На дневен ред на Комисијата за надворешна политика, меѓу другите беа разгледани Предлог законите за ратификација на Договорот за соработка во областа на туризмот меѓу Владата на Република Македонија и Владата на Црна Гора, за Ратификација на Конвенцијата на Советот на Европа за перење, откривање, заплена и конфискација на приноси од казниво дело и финансирање тероризам, за Ратификација на Договорот за основање на регионално училиште за јавна администрација (РEСПА) и за Ратификација на Конвенцијата на Советот на Европа за борба против трговија со луѓе.
Ратификацијата на Договорот за основање на регионално училиште за јавна администрација (РЕСПА) претставува соработката во развојот на реформите на јавната администрација, како неопходна компонента на интеграција во ЕУ.
Врз основа на Пророколот за соработка формиран е Управен комитет на РЕСПА, за чие седиште е избран Даниловград во Црна Гора. Оцена е дека функционирањето на Училиштето и реализацијата на квалитетна програма обезбедува високо ниво на обука за голем број државни службеници од Република Македонија. Целта на овој центар е да го помага самостојното унапредување на јавната администрација во регионот.
Врз основа на расправата, Комисијата едногласно заклучи да му предложи на Собранието да ги разгледа и усвои овие Предлогот закони.