Активности



Четврток, 23 април 2009 година

 

Средба на Комисијата за надворешна политика на Сенатот на Чешката Република со Комисијата за надворешна политика на Собранието на Република Македонија

 

Претседателот на Комисијата за надворешна политика на Собранието на Република Македонија, г-ѓа Теута Арифи со членовите денеска се сретна со претседателот и членовите на Комисијата за надворешна политика на Сенатот на Чешката Република.


На средбата гостите беа запознати со работата на комисијата при што беше нагласена улогата на парламентот. Членовите на Комисијата за надворешна политика ја искористија можноста да се заблагодарат на поддршката што Чешката Република и ја дава на Република Македонија во нејзините евроинтеграциски процеси.
На средбата се разговараше за добивање на датум за преговори за влез на Република Македонија во Европска унија и за визна либерализација за граѓаните на Република Македонија.
Чешката Република е докажан пријател на Република Македонија и без оглед на тоа како ќе поминат предвремените избори наесен во Чешка, таа има за задача да се бори за влез на Република Македонија и соседните земји во Европската унија беше истакнато на средбата.
Што се однесува до визната либерализација Република Македонија ги исполни техничките критериуми и на граѓаните на Македонија многу им значи до крајот на годината да добијат визна либерализација, укажаа членовите на комисијата.

 

Click