Активности



Петок, 24 април 2009 година

 

Средба на Комисијата за европски прашања на Собранието на Република Македонија со Комисијата за надворешна политика на Сенатот на Чешката Република

Претседателот на Комисијата за европски прашања на Собранието на Република Македонија, г. Петар Поп Арсов со членовите денеска се сретна со претседателот и членовите на Комисијата за надворешна политика на Сенатот на Чешката Република.


На средбата гостите беа запознати со работата и надлежностите на Комисијата за европски прашања при следење на исполнување на договорите  помеѓу Република Македонија и Европската унија, потоа следење и поттикнување на законодавството со ЕУ.

Членовите на Комисијата за европски прашања ја искористија можноста да се заблагодарат на поддршката што Чешката Република и ја дава на Република Македонија во нејзините евроинтеграциски процеси.

На средбата се разговараше за добивање на датум за преговори за влез на Република Македонија во Европската унија и за визна либерализација за граѓаните на Република Македонија за што постои консензус на сите партии во законодавниот дом.Што се однесува до визната либерализација Република Македонија ги исполни техничките критериуми и на граѓаните на Македонија многу им значи до крајот на годината да добијат визна либерализација, укажаа членовите на комисијата.

Click