Активности



Петок, 24 април 2009 година


Средба на Комисијата за надворешна политика на Собранието на Република Македонија со Комисијата за политики на ЕУ при Сенатот на Република Италија

Претседателот на Комисијата за надворешна политика на Собранието на Република Македонија, г-ѓа Теута Арифи со членовите денеска се сретна со претседателот и членовите на Комисијата за политики на ЕУ при Сенатот на Република Италија.

Претседателот, г-ѓа Теута Арифи укажа на тоа дека односите меѓу двете земји се движат во нагорна линија, особено парламентарната соработка и соработката на парламентарните комисии. На средбата се разговараше за добивање на датум за преговори за влез на Република Македонија во Европска унија и за визна либерализација за граѓаните на Република Македонија.
Гостите истакнаа дека Република Италија со внимание ги следи сите чекори на  прогрес и сите резултати што се добиени од тоа кон достигнување на стандардите за влез на Република Македонија во ЕУ и дека тоа ќе овозможи Италија да продолжи со поддршката на Република Македонија за влез во ЕУ.
На гостите им беше укажано дека Република Македонија покажа дека има демократски капацитет и дека треба да добие датум за преговори за влез во Европската унија. Исто така, беше истакнато дека Република Македонија ги исполни сите технички критериуми за визна либерализација и дека таа е значајна за нашите млади генерации, за да ја чувствуваат Европа во вистинска смисла на зборот и да не се чувствуваат изолирано.

Click