Четврток, 23 април 2009 година
Средба на Комисијата за политики на ЕУ при Сенатот на Република Италија со Комисијата за европски прашања на Собранието на Република Македонија
Претседателот на Комисијата за европски прашања на Собранието на Република Македонија, г. Петар Поп Арсов со членовите денеска се сретна со претседателот и членовите на Комисијата за политики на ЕУ при Сенатот на Република Италија.
Претседателот, г. Петар Поп Арсов ги запозна гостите со начинот на работата на комисијата и укажа на неколку сегменти кои се позначајни за работата на комисијата.
На средбата се разговараше за добивање на датум за преговори за влез во Европска унија и за визна либерализација за граѓаните на Република Македонија.
На гостите им беше укажано дека Република Македонија покажа дека има демократски капацитет и дека треба да добие датум за преговори за влез во Европската унија. Исто така, Република Македонија ги исполни сите технички критериуми за визна либерализација и очекува до крајот на годината да се укинат визите.
Имено, на средбата се укажа на тоа дека соработката меѓу двете земји е отсекогаш на високо ниво, односите во сите сфери се веќе воспоставени и треба да продолжат во континуитет и да се продлабочат.