Среда, 7 април 2010 година
Јавна расправа на тема: „Кон побрза интеграција и инклузија на Ромите во Република Македонија“


По повод Меѓународниот ден на Ромите 8 Април, во Собранието на Република Македонија се одржа јавна расправа на тема: „Кон побрза интеграција и инклузија на Ромите во Република Македонија“, која ја отвори претседателот на Собранието на Република Македонија, г. Трајко Вељаноски.
На јавната расправа присуствуваа и имаа свои излагања вицепремиерот за евроинтеграции, г. Васко Наумовски, заменик-претседателот на Владата на Република Македонија, г. Абдилаќим Адеми, заменик-амбасадорот на Соединетите Американски Држави, г. Томас Навратил, шефот на Мисијата на ОБСЕ во Скопје, г. Хосе Луис Хереро, претставник на УНДП во Република Македонија, г-ѓа Деирдре Бојд, извршниот директор на ЗЕЛС, г-ѓа Душица Перишиќ и пратеникот, г. Амди Бајрам.
На јавната расправа, меѓу другото, се истакна дека Ромите се најголемо малцинство во Европа, а Република Македонија е лидер во однос на правата на Ромите, но дека има уште многу да се стори.
Целта е Декадата на Ромите да овозможи подобар живот на Ромите.