Вторник, 23 април 2013 година
Пратеникот Реџаиљ Исмаили на Работилница во Црна Гора
На покана од Националниот демократски институт (НДИ), претседателот на Комисијата за транспорт, врски и екологија, г. Реџаиљ Исмаили, ќе учествува на Работилница на тема: Надминување на предизвиците за надзор кој го вршат парламентарните комисии. Работилницата ќе се одржи од 24 до 26 април 2013 година во Бечиќи, Црна Гора
Прочитај повеќе
Понеделник, 22 април 2013 година
Учество на Парламентарното собрание на Советот на Европа
Редовната пролетна сесија на Парламентарното собрание на Советот на Европа ќе се одржи од 22 до 26 април 2013 година во Стразбур, Франција. На сесијата ќе учествува делегација на Собранието на Република Македонија во состав Александар Николоски, шеф на делегацијата, Ермира Мехмети Деваја и Имер Алиу, членови.
Прочитај повеќе
Понеделник, 22 април 2013 година
Потпретседателот, г-ѓа Сузана Салиу ќе учествува на Семинар за национална безбедносна политика
На покана на Европскиот центар за безбедносни студии „Џорџ Ц. Маршал“, а во соработка со амбасадата на САД во Скопје, Македонија, потпретседателот на Собранието на Република Македонија, г-ѓа Сузана Салиу и пратениците: Марјанчо Николов, Тони Трајановски, Ивон Величковски, Цветанка Иванова, Марија Рашковска, Орхан Ибраими, Сафет Бишевац, Тања Томиќ, Димитар Стевананџија, Косана Николиќ Мазнева и Вјолца Мехмети-Нурединисо ќе учествуваат на Семинарот за национална безбедносна политика наменет за пратеници, што ќе се одржи од 23 до 26 април 2013 год., во Гармиш-Партeнкирхен, Германија
Прочитај повеќе
Понеделник, 22 април 2013 година
Студиска посета на Комитетот за односи меѓу заедниците
Како дел од тековната соработка со УНДП, Делегација на Комитетот за односи меѓу заедниците, во состав: г. Ѓорѓи Коџабашиев, г. Оливер Спасовски, г. Џеват Адеми и г. Кенан Хасипи, во периодот од 22 до 25 април 2013 година, ќе оствари студиска посета на Парламентите на Будимпешта, Унгарија и на Братислава, Словачка Република
Прочитај повеќе
Среда, 10 април 2013 година
собраниска делегација на парламентарен семинар во Брисел
Делегација на Собранието на Република Македонија, во состав: г-ѓа Владанка Авировиќ, претседател на Комисијата за економски прашања и г. Хајрула Мисини, претседател на Комисијата за европски прашања, ќе присуствува на парламентарен семинар, кој ќе се одржи на 12 април во Брисел, Кралството Белгија
Прочитај повеќе