Вторник, 30 април 2013 година
Отворени денови на Европарламентот

Овогодинешниот фестивал на Европа ќе се одржи на 4 мај во Брисел и Луксембург, како и на 19 мај во Стразбур. По тој повод, за време на овие денови, своите врати ќе ги отворат Европскиот парламент и другите европски институции.
Прочитај повеќе
Вторник, 16 април 2013 година
Еврокомесарот Филе ќе го објави Специјалниот извештај за Македонија
Денеска попладне, во Европскиот парламент во Стразбур, еврокомесарот за проширување на Европската унија, г. Штефан Филе, ќе го објави Специјалниот извештај за Република Македонија.
Извештајот е подготвен од Европската комисија во согласност со заклучоците од Самитот на Европскиот совет во декември минатата година.
За 22 април, пак, во Луксембург се закажани состаноци на Советот за министри за надворешни работи и Советот за општи работи на ЕУ, каде првпат шефовите на дипломатиите на земјите-членки на Унијата ќе разговараат за можноста Република Македонија да добие датум за почеток на преговори на јунскиот Самит на Европскиот совет.
Прочитај повеќе
Вторник, 9 април 2013 година
Комитетот за надворешни работи на Европарламентот ја усвои Резолуцијата за Македонија

Со 38 гласа „за“ и 13 „против“, Комитетот за надворешни работи на Европскиот парламент ја усвои Резолуцијата за напредокот на Република Македонија, за време на вчерашната редовна седница во Европарламентот во Брисел.
Прочитај повеќе
Понеделник, 8 април 2013 година
Се гласа по Резолуцијата за Македонија

Денеска попладне, Комитетот за надворешни работи на Европскиот парламент, на својата редовна седница во Европскиот парламент во Брисел, ќе гласа по Резолуцијата за Република Македонија.
Прочитај повеќе
Понеделник, 8 април 2013 година
Дваесет години Македонија во ОН

На 8 април 1993 година Република Македонија стана 181 полноправна членка на Обединетите нации. Денеска, оваа светска организација, чие седиште е во Њујорк, брои 193 земји-членки
Прочитај повеќе
Понеделник, 8 април 2013 година
Меѓународен ден на Ромите

Денешниот ден, 8 април, е Меѓународен ден на Ромите, ден кога се слави ромската култура и кога треба да се подигне свеста за прашањата со кои се соочуваат Ромите.
Прочитај повеќе