Среда, 13 април 2011 година
„Западен Балкан - кон поинтегрирана Европа“
Развојот на земјите од Западен Балкан, ќе биде во фокусот на средбата која денеска и утре ќе се одржи во Брисел, во организација на Европскиот парламент и Унгарското народно собрание.
Расправата на тема „Западен Балкан - кон поинтегрирана Европа“ ќе се одржи на пленарна седница и во две работни групи.
Првата работна група за „Соработката во областа на слободата, сигурноста и правоството“, ќе се фокусира на прашања поврзани со границите, визите и миграцијата, како и судската и полициската соработка.
„Интеграцијата на граѓаните“ ќе биде тема на втората работна група, која ќе стави акцент на заемните прашања на културна разноликост и за напредокот во процесот на интеграција, како и образовните аспекти на интеграцијата на Западен Балкан во Европската унија.
Со средбата ќе копретседава претседателот на Европарламентот, г. Јержи Бузек и претседателот на Унгарското народното собрание, г. Ласло Ковер. Исто така, свое учество ќе земат претседателот на Европската комисија, г. Жозе Мануел Баросо; унгарскиот премиер, г. Виктор Орбан; претседателот на Хрватскиот парламент, г. Лука Бебиќ; како и раководителот на Хелсиншкиот комитет за човекови права во Србија, г-ѓа Соња Бисерко.