Четврток, 29 април 2010 година

Европската унија промовира поширока употреба на електронското фактурирање

Целта на Извештајот подготвен од експерти на Европската комисија е да се промовира поширока употреба на електронското фактурирање во Европа. Извештајот беше презентиран на Конференцијата за електронско фактурирање во Европа, што се одржа на 27 и 28 април во Мадрид, во рамките на Шпанското претседателство со Европската унија.



Среда, 21 април 2010 година

Програма за работа на Европската комисија за 2010 година

Европската комисија на 31 март ја усвои Програмата за работа за 2010 година со која се одразува определбата на Комисијата да ја води Европа надвор од економската криза и да испорача политика која ќе биде од директна корист за граѓаните. Комисијата усвои листа со 34 стратешки приоритети за имплементација до крајот на годината и постигната е согласност за други 280 позначајни предлози кои би се разгледувале дополнително

Сабота, 17 април 2010 година

Кампања за подигнување на свеста за биодиверзитет

На почетокот на април, Европската комисија објави евробарометар испитување кое покажува дека многу Европејци не разбираат што значи поимот биодиверзитет. Според евробарометар испитувањето, околу 38% од граѓаните го разбираат значењето на терминот биодиверзитет, додека 28% слушнале за терминот, но не знаат што точно значи. Повеќето од граѓаните сметаат дека загубата на биодиверзитетот е сериозно прашање.



Петок, 16 април 2010 година

Стратегија „Европа 2020“

Новата европска стратегија за одржлив раст и работни места, позната како „Европа 2020“, се појави во екот на најголемата економска криза во последните децении. Стратегијата, иновациите и зелениот раст ги поставува во средиштето на нацрт-планот за конкурентност и предлозите за зајакнување на мониторингот на националните програми за реформи.



Среда, 7 април 2010 година

Ново лого за органски производи во Европската унија

Европската комисија го објави новото лого за органски производи во Службениот весник на ЕУ (Регулатива ЕК бр.271/2010 од 24 март 2010 година)

Click