Понеделник, 30 август 2010 година

Презентирана новата веб-страница на Вестминстер фондацијата за демократија

Вестминстер фондацијата за демократија, преку проектот за јакнење на капацитетите на Собранието на Република Македонија, денеска (во Собранието на Република Македонија) ја презентираше својата нова веб-страница - http://www.parliamentarycentre.mk/mk/. Овој проект е поддржан од страна на Британската амбасада во Република Македонија



Петок, 27 август 2010 година

Седумдесет и четврта седница на Комисијата за финансирање и буџет

Комисијата за финансирање и буџет на Собранието на Република Македонија на денешната Седумдесет и четврта седница, како матично работно тело, во прво читање го разгледа Предлогот на закон за задолжување на Република Македонија со заем кај Европската банка за обнова и развој по Договорот за заем за Проектот за подобрување на железничката пруга на Коридор 10



Петок, 27 август 2010 година

Четириесетта седница на Комисијата за земјоделство, шумарство и водостопанство

Комисијата за земјоделство, шумарство и водостопанство на Собранието на Република Македонија, на Четириесеттата седница, како матично работно тело во прво читање го разгледа Предлогот на закон за квалитет на земјоделски производи.



Петок, 27 август 2010 година

Седумдесет и втора седница на Комисијата за финансирање и буџет

Комисијата за финансирање и буџет на Собранието на Република Македонија на Седумдесет и втората седница, одржана на 24 и 25 август 2010 година, како матично работно тело ги разгледа Предлогот на Завршната сметка на Буџетот на Република Македонија за 2009 година и Годишниот извештај на Државниот завод за ревизија за 2009 година.



Четврток, 26 август 2010 година

Обраќање на претседателот на Собранието на Република Македонија, г. Трајко Вељаноски, на Свечена седница по повод 100-годишнината од раѓањето на Мајка Тереза

На само стотина метри од овој Дом, во некогашното Влашко маало, постоела куќата на албанското семејството Бојаџиу, во која пред 100 години е родена Гонџа Агнеса Бојаџиу. Исто така, на само стотина метри, денеска се наоѓа Спомен-куќатa на Мајка Тереза, на местото каде што некогаш се наоѓала црквата Пресвето срце Исусово, во која само еден ден по своето раѓање крстена е Мајка Тереза



Четврток, 26 август 2010 година

Положување свежо цвеќе на споменикот на Мајка Тереза

По повод одбележување на 100 години од раѓањето на Мајка Тереза-Гонџа Бојаџиу, делегација на Собранието на Република Македонија предводена од претседателот на Собранието на Република Македонија, г. Трајко Вељаноски, денеска положи свежо цвеќе на споменикот на Мајка Тереза. Во состав на делегацијата беа и потпретседателот на Собранието на Република Македонија, г. Рафис Аљити и пратеникот г. Васко Шутаров.



Четврток, 26 август 2010 година

Обраќање на претседателот на Собранието на Република Македонија, г. Трајко Вељаноски, на Свечената академија по повод 100-годишнината од раѓањето на Мајка Тереза

Денес, сто години по раѓањето на Мајка Тереза, куќата на семејството Бојаџиу ја нема, го нема и Влашкото маало, но само на десетици метри оттука, на местото на некогашната црква Пресвето срце Исусово, во која само еден ден по своето раѓање е крстена Гонџа Агнеса Бојаџиу, стои спомен-куќата на Мајка Тереза, објект кој на скромен, но достоинствен и духовен начин ни го пренесува животниот пат и делото на Мајка Тереза



Понеделник, 2 август 2010 година

обраќање на Претседателот на Собранието на Република Македонија, г. Трајко Вељаноски пред споменикот на Методија Андонов - Ченто

Денес кога на Мечкин Камен, во Пелинце и ширум целата држава се одбележуваат и слават двата Илиндена, се собравме овде да му оддадеме почит на Методија Андонов – Ченто, првиот претседател на Президиумот на АСНОМ. Човек кој целиот свој живот се бореше за остварување на идеалите на двата Илиндена, за слободна и самостојна Република Македонија, како држава на македонскиот народ и на сите нејзини граѓани, без разлика на нивната национална или верска припадност

Click