Четврток, 30 август 2012 година
Триесет и седма седница на Комисијата за финансирање и буџет
Комисијата за финансирање и буџет на Собранието на Република Македонија, на Триесет и седмата седница, одржана денеска, како матично работно тело го разгледа:
- Предлогот на закон за изменување и дополнување на Законот за Царинската управа (второ читање).
Со оглед на тоа што во рокот утврден со Деловникот, по овој Предлог на закон не беа поднесени амандмани, Комисијата едногласно заклучи дека не се исполнети условите за изработка на Дополнет предлог и му предлага на Собранието на Република Македонија да го разгледа и донесе законот за изменување и дополнување на Законот за Царинската управа.
Прочитај повеќе
Среда, 29 август 2012 година
Триесет и петта седница на Комисијата за транспорт, врски и екологија
Комисијата за транспорт, врски и екологија на Собранието на Република Македонија, на Триесет и петтата седница, одржана на 23 август 2012 година, како матично работно тело, разгледа:
- Измена и дополнување на Годишната програма за работа на Агенцијата за електронски комуникации за 2012 година.
На седницата на Комисијата, во својство на претставник на Агенцијата за електронски комуникации, присуствуваше г. Роберт Ордановски, директор на Агенцијата и г-ѓа Гордана Клинчарова, претседател на Комисијата за електронски комуникации.
Во образложението на Програмата за работа на Агенцијата за електронски комуникации, директорот на Агенцијата истакна дека активностите на Агенцијата за електронски комуникации произлегуваат од нејзините надлежности утврдени во Законот за електронски комуникации и прописите донесени врз основа на него.
Со своја дискусија се јави пратеникот Јани Макрадули.
На крајот од дискусијата, Комисијата со 6 гласа „за“ и 5 „против“ го усвои следниот Заклучок:
- Собранието на Република Македонија ја разгледа и усвои Измената и дополнувањето на Годишната програма за работа на Агенцијата за електронски комуникации за 2012 година;
- Овој заклучок да се достави до Агенцијата за електронски комуникации и до Владата на Република Македонија.
Прочитај повеќе
Четврток, 2 август 2012 година, Пелинце
Обраќање на претседателот Вељаноски по повод 2 Август - Илинден, Ден на Републиката

Илинден е несопирлива енергија.
Илинден е симбол за саможртвата за нашата татковина и носечки код на Македонија.
Илинден е празникот на револуционерното будење на македонскиот народ.
Тој е чекор кон идеалот за слобода. Момент кога сонувачите го исполнуваат сонот.
Кога малиот и поробен народ со големо срце го добива она за што голем број други народи долго време мечтаат и сè уште се борат.
Илинден е и мигот кога граѓаните на Македонија цврсто решаваат да го кренат својот глас за своја држава.
Гордо. Достоинствено. Чесно и борбено.
Тоа е светлата точка во историското море од настани кога си го зедовме тоа што природно ни припаѓа.
Станавме свои на своето.
Цврсто го зграпчивме за навек нашето право на самоопределување, исто како и секој друг слободољубив народ.
Прочитај повеќе