Четврток, 6 декември 2012 година
Дваесет и осма седница на Комисијата за европски прашања
Комисијата за европски прашања на Собранието на Република Македонија, на 28. седница, одржана на 3 декември 2012 година во прво читање ги разгледа:
- Предлогот на закон за изменување и дополнување на Законот за азил и привремена заштита;
- Предлогот на закон за изменување и дополнување на Кривичниот законик;
- Предлогот на закон за изменување и дополнување на Законот за трговските друштва.
На седницата на Комисијата, во својство на преставници на Владата на Република Македониј,а присуствуваа: г. Џелал Бајрами, заменик-министер за внатрешни работи, г-ѓа Билјана Бришкоска-Бошковски, заменик-министерот за правда и г-ѓа Катерина Велковска, заменик-министер за економија, кои дадоа образложенија за потребата од донесување на законите, од аспект на нивната усогласеност со правото на Европската унија.
Во расправата по Предлог-законите учествуваа пратениците: г-ѓа Маринела Тушева, г. Павле Трајанов и г. Гордан Георгиев.
На крајот од расправата, Комисијата му предложи на Собранието на Република Македонија дека Предлог-законите се прифатливи и треба да се дадат на натамошно читање.