Петок, 25 декември 2009 година
Единаесетта седница на Националниот совет за евроинтеграции
Националниот совет за евроинтеграции на Единаесеттата седница расправаше по Мислењето за усвојување на правото на Европската унија за 2010 година и по Извештајот за работата на Националниот совет за евроинтеграции за периодот септември 2008 - декември 2009 година.
На седницата свои дискусии имаа г-ѓа Радмила Шекеринска, претседател на Националниот совет за евроинтеграции, г-ѓа Силвана Бонева, потпретседател на Советот, г. Андреј Жерновски, г. Тито Петковски, г. Петар Поп Арсов, г. Александар Николовски, г-ѓа Флора Кадриу и г. Кенан Хасипи, пратеници и членови на Советот, г. Сашо Стевков, претставник од Кабинетот на претседателот на Владата на Република Македонија, Александар Кржаловски, претставник на Советот и на Граѓанската платформа на Македонија, г-ѓа Љубица Нури, претставник на Стопанската комора и г. Петар Камчев претставник од Секретаријатот за европски прашања.
Националниот совет за евроинтеграции го усвои Мислењето за усвојување на правото на Европската унија за 2010 година, чиј составен дел се и Анексот 1 со закони кои според НПАА ревизија 2009 се планирани да се донесат во 2010 година, и Анексот 2 со закони по кои Советот во текот на 2010 година ќе организира јавни расправи. Извештајот за работата на Националниот совет за евроинтеграции беше усвоен со одредени измени и дополнувања кои произлегоа од дискусиите во расправата.
На оваа седница, Националниот совет ги усвои и заклучоците од Јавната расправа по работната верзија на Предлог-законот за авторското право и сродните права, која се одржа на 22 декември 2009 година.